Афера „Јапонска помош“ – Груевски и Ѕинго ја оштетиле државата за 12 милиони долари

Огромен скандал е поврзан со проектот познат како „Јапонска помош“, фонд во висина од 12 милиони долари помош од Владата на Јапонија кон Република Македонија. Но, наместо власта на Груевски преку Министерството за Земјоделие Шумарство и Водостопанство да ја користи оваа помош за бескаматни кредити за земјоделците за набавка на трактори, таа успеала да ги злоупотреби парите од овој Фонд, на штета на земјоделците.

Според Извештајот на Комисијата за управување на средствата од помошта од Јапонската влада, на фирмата ФАКТОР КОНСАЛТИНГ од жиро сметката на компензацискиот фонд, извршена е наплата на 3 милиони денари ( околу 50.000 евра) за месечен паушал и наплата на долг. Дополнително од оваа сметка повлечени се нови околу 9 милиони денари ( 150.000 евра), пари за кои Комисијата на министерството констатира дека нема покритие како и зошто истите се повлечени од правниот субјект. И за тоа писмено го информира министерот Михаил Цветков(кадар на Ѕинго) на 30.09.2015 год.

Затоа тој има обврска да го објасни на јавноста тоа што го констатирала токму комисија формирана од негова страна? Како тоа може без покритие од сметка на министерството што е наменета за прибирање на странска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие?

Спротивно на Одлуката на Владата на РМ, сега аболицираниот екс министер  Димовски не формирал комисија за прибирање и користење на средствата од Фондот во 2010 година.

Но, затоа склучил договор со приватна компанија за наплата на побарувањата од корисниците на Јапонската помош. Тоа е договорот со фирмата ФАКТОР КОНСЛАТИНГ(подолу на сликите).

Корисник на Јапонска помош е и „ЗЕМСИЛ“, фирма ќерка на Силекс, којашто има добиено земјоделска механизација.Преку министерството раководено од кадрите на Љубисав Иванов Ѕинго и СПМ, им се доделуваат средства на фирмите на Ѕинго!

Иако според овој преглед на должниците изработен токму од Комисијата на МЗШВ, заклучно со 15.01.2016 година „Земсил“ ги нема подмирено обврските кон фондот, но сепак оваа фирма на Ѕинго редовно си добива стотици илјади евра субвенции кои се исплаќаат преку платежната агенција. „Земсил“ РИК Силекс Кратово во 2014 на име субвенции добива 2.764.597 денари или околу 45.000 евра, иако според прегедот на комисијата е се уште должник кон фондот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s