Груевски најавува странски инвестиции лоцирани на непостоечки адреси

Во Јануари, поранешниот премиер Никола Груевски најави германска инвестиција, која е лоцирана на адреса на која што воопшто не постои таква фирма!

Едно поштенско сандаче во Ратинген, Германија, е единствениот доказ дека близу железничката пруга се наоѓа компанијата Electro-Mechatronic Systems (GES), фирма која Никола Груевски кон средината на јануари ја најави како голема германска инвестиција за производство на „соларни панели и лед-светилки вредна 15 милиони евра.
НО, во целата ситуација се појавуваат многу нејасни работи!

Зад германската компанија Electro-Mechatronic Systems (GES), според податоците од германскиот регистар на компании, стојат две лица од Каиро, Египет. Станува збор за Амир Сами Микхаил и Ахмед Абдалла Мохамед Елшаер, кои компанијата ја формирале со основачки влог од 25 илјади евра.
Ако се погледне веб-страницата на GES,(линк –http://ges.com.de/en_US/homepageges/) може да се прочита дека нивното претставништво е во Дизелдорф, Германија, но нема никакви податоци за основачите на компанијата, ниту адреса ниту пак, контакт телефон.
Како продажна канцеларија на официјалната веб-страницата е наведена единствено Македонија, а како контакт има само македонски број од мобилен телефон.

Ова е очигледно лажна веб-страница, бидејќи германскиот систем не ја регистрира. Освен тоа, според германските закони, веб-страниците на компаниите мора да ги содржат сите податоци за страницата, за серверот и за надлежните лица. Со тоа што оваа фирма нема никакви податоци како што е наложено, практично се кршат германските закони“, ни изјави програмер од Берлин, кого што го замоливме да ни помогне да лоцираме каде е регистрирана веб-страницата на ГЕС.

Според „Money house”, веб-страница за пребарување компании од светот, седиштето на ГЕС се наоѓа на улицата Санд 18 во Ратинген, Германија. Ако се пребара оваа локација на Google, лесно може да се види дека станува збор за мал објект во близина на рампа од железничка пруга(СЛИКА 1 и 2).

НO, на адресата ул. „Санд 18“ во Ратинген НЕ постои компанија со назив ГЕС. На ова место се наоѓа магацин на друга компанија, ICE (Industrial Exponent Exports), а единствената трага од GES е поштенското сандаче(СЛИКА 3).
Нема никакво лого од компанијата, ниту пак, влез. На местото има само магацин од друга компанија, ICE (Industrial Components Export), која се занимава со трговија и извоз на производи за ладење и климатизација.
На седиштето од ICE, како лице за контакт е напишан Амир Сами Микхаил, еден од сопствениците на GES кој во формирањето на фирмата учествувал со влог од 3.750 евра. Елшаер, пак, претставникот од ГЕС кој беше во Македонија, вложил 21.250 евра, што значи дека фирмата која планира да инвестира 15 милиони евра од Македонија е формирана со влог од 25 илјади евра.

Во целата оваа ситуација се појавуваат и други невообичаени работи. Веб-страницата на GES е заведена со екстензијата „com.de“, со оглед на тоа што речиси сите компании во Германија се заведени со екстензијата „de“.

Според податоците од германскиот регистар на компании, GES била формирана во 2013 година. Наспроти ова, на веб-страницата на оваа компанија пишува дека таа постои од 2010 година.

На веб страната на GES стои дека таа е формирана во 2010 година. Но, според податоците од германскиот регистар на компании, GES била формирана во 2013 година. Кој и зошто лаже?
линк од страницата на GES-http://ges.com.de/en_US/homepageges/

 Според податоците од македонскиот централен регистер, Герман Електро Механтроникс ДОО во Македонија била формирана на 16 септември 2014 година, а поранешниот премиер Никола Груевски ја најави инвестицијата една година подоцна, во декември 2015 година.

Зад компанијата што е регистрирана во Македонија, Герман Електро Механтроникс ДОО стојат две лица од Каиро, Египет. Станува збор за Ајман Мохамед Мохамед Мостафа и Ахмед Абдалла Мохамед Елшаер, човекот што беше во Македонија за да го потпише договорот.
(На сликата е извадок од Централниот регистар за компанијата ГЕС во Македонија, која е формирана со паричен влог од 5 илјади евра во септември 2014 година).

Седиштето на компанијата се наоѓа во строгиот центар на Скопје, спроти Италијанската амбасада. Во овие простории сеуште нема никој.
Неизвесно останува зошто оваа инвестиција во Македонија беше најавена како германска, со оглед на тоа што освен формалната регистрација и поштенското сандаче, новата инвестиција нема допирна точка со оваа држава. Зошто на официјалната страница на GES има наведено локација на фирмата, а на самата адреса таков објект и фирма воопшто не постојат? Кој и зошто лаже?

Leave a comment