Груевски плати 104.000 долари на 2 американски фирми за да му организираат средба со Џо Бајден

Станува збор договор на ВМРО-ДПМНЕ со лоби-компанија од САД, чиј основач е Том Дешл, поранешен сенатор и конгресмен од редовите на Демократската партија. Дешл е сопартиец и поранешен колега на Бајден во Сенатот. Во договорот јасно пишува дека фирмата на Дешл, од името на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работи на организирање посета на премиерот Груевски на САД и на негови средби со високи претставници на американската администрација, а меѓу директните таргети се спомнува токму потпретседателот Бајден.

Една од задачите што ја презела лоби-компанијата била во контактите со администрацијата и други креатори на политиката и јавното мислење во Вашингтон да ја испрати пораката дека скандалот со прислушувањето „не значи прекршување на принципот на владеење на правото“. Договорот има важност од шест месеци, почнувајќи од први ноември минатата година, а услугите на „Дешл груп“ ја чинат ВМРО-ДПМНЕ месечно по 49.500 американски долари.Паралелно со овој, ВМРО-ДПМНЕ има активен договор со уште една лоби-компанија од САД, „Њу партнерс“, за што плаќа по 54.000 долари месечно.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s