Аболицираниот Груевски за една година заштедил 118.629 евра, како му успеало?!

Еве ги скриените Анкетни листови на Никола Груевски од 2014 и 2015 година. Аболицираниот Груевски тргал на страна секој месец по 10.000 евра!

Или, за една година Никола Груевски официјално станал побогат за 118.629 евра!

Груевски, ги зголемил заштедите на американските долари, швајцарските франци, британските фунти на неговите девизни сметки, но најмногу ги зголемил сумите во денари и во евра. Пријавувал приливи во банка од по 300.000 денари, но и по 3.000.000 денари.

Нето платата на Никола Груевски изнесувала 88.139 денари.

Дека Груевски не се потпирал на неговата плата, покажува графата за основот на стекнување. Тука Никола Груевски, како што е наведено, или не дал податок, или рекол дека ги стекнал парите на друг начин.

Никола Груевски не одговорил на Антикорупциската комисија, но мора да им одговори на граѓаните:

Кој е тој начин на којшто Никола Груевски заработува, така што за една година успеал да заштеди 118.629 евра? И тоа додека 500.000 луѓе во Македонија тонат во сиромаштија?!

Граѓаните слушнаа од Вистината за Македонија и за оф шор релациите на Груевски со рајските земји, за милионски тендери и провизии, за милионски парцели на Водно. Ова е уште една причина зошто на Груевски му се потребни аболициите од Ѓорге Иванов. Нему и на неговите соработници.Аболиција целосно мора да се поништи и сите кои правеле злоупотреби на штета на граѓаните ќе одговараат.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s