Граѓаните пак ќе плаќаат по 250 денари за електронски здравствени картички

Граѓаните повторно треба од свој џеб да платат нови 250 денари за обновување на електронските здравствени картички од 2011 година, со што буџетот ќе се наполни за нови 8 милиони евра на нивна сметка, иако претходно истите тие картички од владата на ДПМНЕ беа најавени за бесплатни, а и веќе еднаш се платени.

На секоја електронска здравствена картичка пишува дека трае пет години, а веднаш по истекувањето на тие пет години треба да се обнови и граѓаните на своја сметка треба да платат уште 250 денари за таа намена.

Ова е мејлот(доле на сликата) испратен од Фондот за здравство до сите матични лекари од кои се бара да ги известат своите пациенти дека треба да ги обноват електронските здравствени картички од 2011 година и за нив повторно да платат по 250 денари.

– Од страна на ФЗОМ добивме известување дека сите оние кои имаат ЕЗК од јуни и јули, 2011 година ќе мора да ги однесат картиците во ФЗОМ и да се земат нови. Но, претходно мора да се уплатат по 250 денари на подоле наведената сметка – пишува во мејлот испратен до матичните лекари.

 

ezk

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s