Пратеникот Васил Пишев од Антикорупциска сокрил имот вреден 3 милиони евра

Вредноста на бизнисот на пратеникот Васил Пишев, во Бугарија и во Македонија, е поголема од оној што тој го пријавил во Државната комисија за спречување на корупцијата.Пратеникот од редовите на ДПМНЕ, Васил Пишев како бугарски државјанин поседува компанија за производство на масло за јадење, преку која е сопственик на луксузниот хотел „Парк Бочиново“ во Благоевград, Бугарија.

Хотелот во Бугарија скриен во податоците за имотот на Пишев

Од наведените фирми во имотниот лист на Пишев како негов личен и удел на сопругата произлегува дека бизнисите му тежат нешто над 300 илјади евра. Станува збор за удели во три фирми каде што Пишев пријавува дека поседува половина, третина и 40 проценти од вкупната вредност.
Дополнително, тој во анкетниот лист за имотот не напишал за кои деловни субјекти станува збор или дали тие се во Македонија или надвор од земјата иако има таква обврска.
 Овие документи покажуваат дека Пишев поседува дел од хотелот во Благоевград преку бугарската фирма „Ал-макс ООД“. Пратеникот има најголем удел во оваа компанија, 35 отсто, неговата сопруга Гордана Пишева 10 проценти, сестрата и зетот на Пишев, Ѓоко и Саветка Краиц заедно 45, додека директорката на „Ал-макс ООД“, бугарската државјанка Ели Димитрова – Михова поседува 10 отсто од фирмата. До 2008 година газда на хотелот бил и неговиот татко, Атанас Пишев. Од документите може да се види дека Пишев најпрвин бил газда со македонски, а потоа со бугарски документи.
Хотелот има 36 соби, пет луксузни апартмани, ресторан и спа-центар и според бугарските медиуми, само хотелот вреди над три милиони евра.

Во Антикорупциската комисија пратеникот пријавил фирма која според податоците за уделот е најблиску до „Ал-макс ООД“ од Благоевград, меѓутоа вредноста на оваа компанија е далеку помала од имотот. Имено, во пријавата на пратеникот во Антикорупциска стои дека тој има 40 отсто, а жена му 10 проценти од компанија вредна само 2.500 евра.

Хотелот во Благоевград не е единствениот имот на бугарската фирма „Ал-макс ООД“. Од официјален документ за бришење на хипотека од бугарскиот Катастар може да се види дека „Ал-макс ООД“ во село Еленово, општина Благоевград имаат плус 3.000 хектари со погон за флаширање на масло за јадење, како и производствена зграда.

Пишев како бизнисмен во Македонија е познат како еден од газдите на струмичката „Ал-макс ДОО“ која го произведува маслото од сончоглед „Бисер“. Покрај него, како сопственици на оваа, македонската „Ал-макс ДОО“ се јавуваат неговата сестра и фирмата „Амор“, која во Струмица поседува маркет.

Од друга страна, пак, газди на „Амор“ повторно се тој и неговата сестра.

Основната главнина во „Ал-Макс“ е околу 55 милиони денари или 893.000 евра. Пишев во Антикорупциска пријавил дека поседува една третина од компанија со исто толкава главнина. Меѓутоа реално сопственоста на Пишев е половина од „Ал-Макс“, ако се земе во предвид и уделот што го поседува преку фирмата „Амор“.

Дополнително, бугарскиот весник „Струма“ објави дека тој има блок од апартмани на улица „Васил Левски“ во Благоевград кои се распродадени. Поткрепа на вклученоста на Пишев во градежниот бизнис дава тоа што, според податоци од бугарскиот регистер на компании, тој во неговата втора татковина бил еден од сопствениците во „Гарганстои“, компанија која се занимава со недвижности од каде се повлекол во 2010.

Гарганстои“ и бугарската „Ал-Макс ООД“ се регистрирани на иста адреса во Благоевград и имаат ист директор, што го отвора прашањето за улогата на македонскиот пратеник иако веќе формално не е заведен како сопственик.

Индиректни врски постојат и со други компании преку некои од сопствениците во „Гарганстои“: „ИМ-2009“ за туристички услуги каде како сопственици се јавуваат српски граѓани и „Мерси Боку ООД“ која има двајца сопственици од Азербеџан и се занимава со хотелиерство.

Ели Димитрова – Михова, која е косопственик и директор во бугарската „Ал-Макс ООД“, има удел и во „Гарганстои“, заедно со уште тројца македонски државјани – Алекандар Георгиев, Гоне Ангелов, Игор Стоилов и еден српски државјанин – Славко Велинов.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s