Главниот уредник на МТВ, награден со 30.000 € заради послушноста кон Груевски

Главниот и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на МРТВ, Диме Ратајковски е дел од проект на којшто власта ќе додели 30.000 евра државни пари.

Од сите познати сценаристи, од сите продуцентски куќи во Македонија, токму документарниот филм во којшто сценариото го пишува послушен уредник на власта во МТВ, Диме Ратајковски, добива од Агенцијата за филм 2.000.000 денари или над 30.000 евра.     Ова(на сликите долу) е документот од страницата на Агенцијата за филм. Од него се гледа дека Ратајковски ќе снима филм за птици насловен Боите на Преспа Птици. Чудна спојка за еден историчар со наука за птиците.

Дали овие пари се “благодарам“ за послушноста на Диме Ратајковски?

На очиглед на целата јавност, МТВ, веќе 4-та година под палката на Ратајковски и неговите кадри во информативниот сервис, е претворена во партиско гласило на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од вработени во МТВ и провладината телевизија Нова на партнерот на Груевски Сеат Ибица, омилениот уредник на криминалната власт на Груевски, Ратајковски, освен националната телевизија МТВ ја менаџира и телевизија Нова.

30.000 илјади евра пари на граѓаните за проект на главниот уредник на МТВ Диме Ратајковски се уште еден доказ како власта корумпира медиуми и главни уредници и во националниот сервис.

Ете затоа МТВ работи во интерес на криминално корупциската власт, а не во интерес на граѓаните. Поради поединци кои дебело се богатат на грбот на другите вработени, додека на нив им лепат етикети “партиски војници“.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s