МЕДИУМСКА МЕТАСТАЗА: За 3 години, провладините медиуми добиле 28 мил. € од Груевски

Во периодот од 2012 до 2015 година, медиумите кои гласно ја бранат политиката на Никола Груевски, успеале да заработат неверојатни 28.000.000 евра државни пари. Овие пари, медиумите ги добивале директно од Владата на ДПМНЕ, преку доброорганизирана мрежа на фирми. Почнуваме по ред.

  • Кој го контролира порталот „Република“?

На 11 јануари 2014 година, порталот Република го одбележа својот прв роденден, а кога сѐ уште немаше заокружено 12 месеци од постоењето, во декември 2013 година, веб-сајтот ја доби и наградата Сајт на годината, која се доделува под покровителство на администрацијата на главниот град Скопје.Компанијата што стои зад порталот Република се вика „Прва Република ДООЕЛ“ со адреса во центарот на Скопје, oснована во август 2012 година.
На вистинскиот сопственик на медиумот не може да му се влезе во трага.
Според документите од Централниот регистар, сопственик на „Прва Република“ и со тоа и на порталот Република е фирма со странски капитал, односно компанија која потекнува токму од Белизе.
Фирмата од Белизе се нарекува „Иресине лимитед“ и лоцирана е во главниот град на оваа држава Белизе Сити на адреса, улица „1 ½ Miles Northern Highway“.
Но на истата адреса во Белизе се регистрирани неколку таканаречени агенти за офшор-услуги, а најпознат агент е компанијата „Фронтиер интернешнел“, која е претставена и на сајтот „Чајна офшор“ (www.chinaoffshore.com.hk), како фирма за регистрација на офшор-ентитети.
Кој е вистински сопственик на порталот „Република“ тоа не го откриваат ниту генералниот директор Доне Доневски на „Прва Република“, ниту, пак, маркетинг-директорот Стојан Георгиевски.

Република ДООЕЛ 1

Трагајќи по сопственикот на „Република“, од Белизе стигнавме до уште една компанија која инвестира во Македонија, а потекнува од Белизе Сити и е стационирана на идентична адреса со фирмата што стои зад медиумот.
„Базики лимитед“, исто така, е лоцирана на улицата „1 ½ Miles Northern Highway“, а во документите од Централен регистар на Република Македонија од 31 октомври 2011 пишува дека оваа компанија била содружник во Друштвото за трговија и услуги „Искра ММ ДОО Скопје“.
Во истиот документ стои дека вториот сопственик на „Искра ММ ДОО Скопје“ е охриѓанецот Цветан Панделески, кој е татко на Дејан Панделески – кумашинот на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Јанакиески повеќе од седум години беше чело на Министерството за транспорт и врски како кадар на ДПМНЕ под раководство на Груевски.
Третиот сопственик на „Искра ММ“ била компанијата „Ексико ДООЕЛ Скопје“, која, пак, е во сопственост на фирмата „Т&МЈ Инвестмент СА“ од Лугано, Швајцарија. Швајцарската компанија „Т&МЈ Инвестмент СА“ може да се поврзе со бизнис-тајкунот Јордан Камчев, за што ќе читате во другиот дел од текстот. Камчев во јавноста важи за близок пријател со екс директорот на УБК и прв братучед на Груевски, Сашо Мијалков. 
Фирмата „Прва република“ соработува со две компании каде што како еден од сопствениците или покрупен акционер се јавува токму Јордан Камчев.
Депонент банка на „Прва република“ е Стопанска банка АД Битола, каде што еден од поголемите акционери е „Орка холдинг АД Скопје“ на Јордан Камчев (преку акциите што „Орка холдинг АД Скопје“ ги има во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“).
Неделникот весник „Република“, пак, се печати во печатницата на „Графички центар ДОО Скопје“, каде што еден од тројцата сопственици повторно е „Орка холдинг АД“ на Јордан(Орце) Камчев.

Република ДООЕЛ.jpg

–Иако „Република“ почнува да работи на 11 септември 2012 година и претставува нов медиуми кој допрва треба да се бори на пазарот, фирмата до крајот на истата година или за само 3 месеци и 19 дена имала приходи над 9 милиони денари или околу 150.000 евра.

Со други зборови, „тазе“ медиумот успевал секој месец да обезбеди приходи од реклами и продажба од речиси 40.000 евра на самиот почеток на своето постоење. Нема издание на неделникот во кое кое ги нема владините реклами. Владата на Република Македонија, ЕЛЕМ, Агенцијата за електронски комуникации, Државната лотарија на Македонија и други, најчесто се застапени со најмалку 5 страници од рекламите финансирани со народните пари, како и банери на онлајн изданието на „Република“. Долу на сликите е листингот од обработена годишна сметка на ПРВА Репулика ДООЕЛ Скопје, во чија сопственост е овој портал.

Годишна сметка Република ДООЕЛ - Скопје.png

Сопственик на Прва Република ДООЕЛ е „Ирсинелимитед“ од Белизе, познатиот даночен рај на фамилијата и Никола Груевски.Кога е Белизе во прашање доаѓаме до клучното, оваа фирма, сопственик на Република,се наоѓа на иста адреса со познатата компанија „Сирах лимитед“.Улица 1 1/2 Мајлс Нортен Хајвеј, Белизе.Вистината за Македонија откри дека „Сирах лимитед“ беше фирмата преку којаштоГруевски доаѓаше до овие парцели на Водно, за коишто нарачуваше промени наурбанистичките планови, потрпорни бетонски ѕидови….Управител на Сирах е Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак.

Според официјалните документи на Централен регистар неделникот ‘Република’, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1милиони евра за период од три години. Идентично како и милонските исплати, тешки 13 милиони евра, за Сител, Канал 5 иАлфа, и во „Република“ за период од три години завршиле речиси 900 илјади евра, парина граѓаните.Документите го потврдуваат тоа. Ова се исплати на пари од Владата кон „Република“ од 871.487 евра! Еве го доказот…

 

  • Кој го контролира порталот „Нетпрес“?
Името на генералниот директор на „Т-мобиле“, Жарко Луковски влегува во шемата околу сопствеништвото на порталот „Нетпрес“.

Имено, порталот „Нетпрес“ е регистриран од компанијата „Нет прес ком ДООЕЛ“, која е во целосна сопственост на една друга фирма со име „ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје“.
Сопственик на „ФИНЗИ“ пак, е американската компанија „ФИНЗИ ЛЛЦ“ од Соединетите Американски Држави, која се води на адреса „41 State Street, Suite 106, Albany NY 12207“. Но, ако се обидете да ја најдете оваа адреса, произлегува дека станува збор за седиште на адвокатска канцеларија.
Сите документи од американската компанија, сопственик на македонската „Финзи“, пак, водат кон Кипар. Имено, како директори на Finzy LLC фигурираат Ени Јеп (Annie Yeap) и Шејн Чараламбос (Shane Charalambous).
Ени Јеп, според податоците од интернет е основач на „Еквејшн Корпорејт Сервисис ЛТД“ (Equation Corporate Services LTD,www.equationcs.com), компанија која нуди услуги на меѓународни инвеститори, адвокати, даночни советници или други професионални услуги, кои трагаат по партнери за основање кипарски офшор компании.
Да се вратиме повторно на македонската компанија „ФИНЗИ“. Академскиот сликар, 37-годишниот Коста Крпач се води како директор на скопската компанија „Финзи“, која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.
Aко се погледне историјатот на фирмата „Финзи“, се гледа дека прв управител на фирмата во 2009 година бил Владислав Стајковиќ, инаку директор на „Мобико ДООЕЛ Скопје“, фирма која е овластен сервисер за мобилни телефони на „Т-мобиле Македонија“.
Сопственик на фирмата „Мобико ДООЕЛ“ е токму Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-мобиле Македонија.
Владислав Стајковиќ е основач и на НВСП, фирма за која неделникот „Фокус“ во 2012 година пишуваше дека е сопственик на „Секјурити Груп Сервисис (СГС)“, фирма за обезбедување, која се поврзува со директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
Како сопственик на СГС, пак, сега се води 27-годишниот Дејан Ќировски, полјоделски работник со недовршено средно образование.
Друштвото за консалтинг и посредување НВСП, според документите од Централниот регистар се јавува и како сопственик на фирмата на која е регистрирано новото, „Радио Слободна Македонија“ каде што свои емисии имаат водителот од Канал 5 Миленко Неделковски, Наташа Мерсовска, уредник од Сител ТВ, Весна Бејби Петрушевска и други. Ова радио се наоѓа во истата зграда со неделникот и со порталот „Република“ (спроти Владата на РМ), само на различен кат.
Инаку, сопственик на НВСП ДООЕЛ е Владислав Стајковиќ, лице кое се јавува и како прв сопственик на компанијата „Финзи“. Со ова, Стајковиќ на индиректен начин се поврзува со два медиуми, и со „Нетпрес“ и со „Радио Слободна Македонија“.
Според изводите од Централниот регистар може да се види дека приоритетна дејност на НВСП е да врши трговија на големо со електронска и телекомуникациска опрема, а поседува и одобрение за вршење промет со оружје, муниција и делови за оружје издадено од Министерството за внатрешни работи.
Стајковиќ од февруари 2011 година веќе не е управител на фирмата „Финзи“, а како управител сега е запишан само академскиот сликар Крпач. Не се знае со што се занимава оваа компанија бидејќи до веб страницата www.finzi-mk.comпристап има само сопственикот.
Со оглед на тоа што Кипар е пример за држава со ниска даночна стапка на профит, има многу стимулативен даночен систем за отворање офшор-компании. Во оваа држава се плаќа данок на добивка во износ од 4,25 отсто, не постои девизна контрола, како ни двојно оданочување (дивидендите не се предмет на оданочување).
При проверките на кипарските офшор-компании, најтешко е да се стигне до нивното сопствеништво, па оттаму неизвесно е со што се занимава оваа компанија во САД, а и нејзините бизниси во Македонија, освен сопствеништвото на порталот „Нетпрес“.
На веб-порталот „Нетпрес“ се уште се впишани имињата на Лидија Станчевска како директор и Дејан Николовски како главен и одговорен уредник. На Николовски на 19 јануари 2014 година му испративме смс-пораки со барање да ни објасни дали и кога медиумот е продаден и кое е името на новиот газда, а на тоа добивме одговор: „името му е онака како што го крстил кумот“.

 Нетпрес.png
Основач на информативниот портал Нетпрес е Дејан Николовски, поранешен уредник и новинар во дневниот весник „Дневник“, а потоа и во „Време“. Николовски пред одредено време ја продава компанијата „Нет прес ком ДООЕЛ“ на фирмата „Финзи ДООЕЛ“.

Сопствеништвото на „Финзи ДООЕЛ“ е нејасно, со оглед на тоа што компанијата е ќерка на истоимената ФИНЗИ ЛЛЦ со канцеларија во САД, а регистрирана на Кипар. Николовски одби да каже кое е лицето кое стои зад сопственоста на порталот Нетпрес и во смс порака ни посочи дека „името на новиот газда му е онака како што го крстил кумот“.

Од неодамна, веб порталот „Нетпрес“ се поднови и со ТВ Вести, но не се знаат имињата и презимињата на оние кои што ги читаат прилозите.

нетпрес 1.png
Сопствеништвото на „Финзи ДООЕЛ“ е нејасно, со оглед на тоа што компанијата е ќерка на истоимената ФИНЗИ ЛЛЦ со канцеларија во САД, а регистрирана на Кипар. Николовски одби да каже кое е лицето кое стои зад сопственоста на порталот Нетпрес и во смс порака ни посочи дека „името на новиот газда му е онака како што го крстил кумот“. Ова е тековната состојба.
тековна1.png
Сопственик на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, пак, е Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-мобиле Македонија и близок пријател на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
тековна2.pngВладислав Стајковиќ е основач и на НВСП, фирма за која неделникот Фокус во 2012 година пишуваше дека е сопственик на Секјурити Груп Сервисис (СГС), фирма за обезбедување која се поврзува со директорот на УБК Сашо Мијаков. Како сопственик на СГС пак, сега се води 27-годишниот Дејан Ќировски, полјоделски работник со недовршено средно образование (тековната состојба на СГС)

Сите документи од американската компанија, сопственик на македонската ФИНЗИ пак, водат кон Кипар. Имено, како директори на Finzy LLC фигурираат Ени Јеп (Annie Yeap) и Шејн Чараламбос (Shane Charalambous) . Ени Јеп, според податоците од Интернет е основач на Еквејшн Корпорејт Сервисис ЛТД (Equation Corporate Services LTD), компанија која нуди услуги на меѓународни инвеститори, адвокати, даночни советници или други професионални кои трагаат по партнери за основање кипарски компании.
линк-http://www.equationcs.com/index.htm

финзи.png

ФИНЗИ ЛЛЦ од Соединетите Американски Држави која се води на адреса 41 State Street, Suite 106, Albany NY 12207. Но, ако се обидете да ја најдете оваа адреса, произлегува дека станува збор за седиште на адвокатска канцеларија.

финзи2.png

Историјат на ФИНЗИ! Во него се споменува и името Владислав Стајкович-сопственик на НВСП.
историјат
  • Кој го контолира порталот „Телеграф“

Управителот на Телеграф ДООЕЛ Скопје Горан Манов во исто време е управител на „Хотел Ибис“ којшто се наоѓа во строгиот центар на Скопје, во непосредна близна на скопскиот плоштад.

Сопственици на „Хотел Ибис“ се компанијата Орка холдинг АД Скопје и компанијата Ексико ДООЕЛ Скопје, која зад себе има швајцарски капитал од фирмата Т&МЈ Инвестментс СА Лугано, инаку место познато како даночен рај. Оваа фирма од Лугано повторно се поврзува со Орце Камчев којшто е сопственик на Орка холдинг АД Скопје.

Сопственик на „Телеграф ДООЕЛ Скопје“ е компанијата Медиа принт Македонија ДООЕЛ Скопје (со паричен влог од 1.941.864 евра), која пак е фирма ќерка на Графички центар ДОО Скопје. Трите компании имаат удели во „Графички центар“.  Интересно е дека токму „Комтрејд груп“ во 2009 година добила тендер од македонското Министерството за информатика вреден 11,7 милиони евра преку кој српската компанија на македонската Влада и продала 55.000 компјутери за децата до трето одделени и за наставниот кадар во основните училишта.

мирек.png

Јевросимовиќ важи близок до македонскиот бизнисмен Жарко Луковски и тоа досега Луковски не го демантираше . Луковски во деведесетите бил бизнис партнер на Јевросимовиќ во Скопје, бидејќи и Луковски имал фирма што се вика „Комтрејд“.

Луковски денес е генерален извршен директор на „Т-мобиле Македонија“, фирмата дел од „Т-хоум“ кој пак продава компјутери од фирмата на Јевросимовиќ „Комтрејд“ или скратено „ЦТ компјутери“. Луковски пак е близок пријател на директорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков и прв братучед на премиерот Никола Груевски.

Веселин Јевросимовиќ ја купи и скопската Алфа ТВ од бизнисменот Штерјо Наков кој важи за олигарх близок до сегашната опозиција. Веднаш по промената на сопственичката структура Алфа ја смени уредувачката политика и сега е во редот на провладини медиуми.

јевросимовиќ

  • Кој го контролира порталот „Инфомакс“
Тековна состојба на порталот „Инфомах“!-ЦИА ДООЕЛ или Центар за истражување и анализа ДООЕЛ, покрај издаваштвото на интернет портали се занимава и со правење анкети.

основац.png

  • Кој го контролира порталот „Курир“?

Според документите од Централен регистар на Македонија, сопственик на оваа компанија е Ацо Мисајловски, брат на Mинистерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Фирмата „Ем Медиа ДООЕЛ“ исто така стои зад повеќе информативни портали кои се појавија на интернет просторот во последните 2 години.
Оваа компанија воедно е единствениот информативен портал од кој Владата, општината Гази Баба, АД ЕЛЕМ и МЕПСО набавувале услуги за обработка на видео вести во делот на набавките кои се прават во четири очи.мисјаловски.png

Но, адресата на порталот „Курир“ и личноста што е наведена како маркетинг-контакт на оваа компанија нѐ доведоа и до други интернет-портали, претежно формирани во последните година или две, кои не само што делат слична уредувачка политика со „Курир“, туку често делат и исти содржини.

Трагањето по сопствениците на некои од порталите кои немаат никакви информации за фирмите или, пак, уредниците што стојат зад нив почна од извесно лице Дејан Донев. Неговотo име и телефонски број се оставени како маркетинг-контакт на порталот Курир, но и на порталите Лидер и Денешен.
Лидер“, „Економски“, „Вистина“ и „Денешен“ немаат податоци за главниот уредник на весникот и фирмата-издавач на самиот сајт.

Исто така, во државниот македонски регистар на портали, ова лице (Дејан Донев) е административен или технички контакт на сите споменати портали, а во случајот со порталот „Денешен“ фирмата „ИИА ДД ДОО“ се води како административен контакт.
Увидот во неколку од договорите на новинари на порталот „Лидер“ и новинари на порталот „Економски“ покажаа дека нив ги плаќа „Ем медиа“ – фирмата-издавач на порталот „Курир“ или фирмата на братот на државниот секретар за надворешни работи.

Она што е интересно е што и во двата медиума работат новинари од јавниот сервис – Македонската телевизија и новинари – уредници од ТВ Сител, каде што Владата исплаќа најголеми суми за владините реклами, но и телевизија што се јавува како донатор на владејачката партија ДПМНЕ на последните избори.

Билјана Трендафилова, пак, која ни беше посочена како координатор на порталот „Лидер“, од неодамна стана уредник на информативната програма на јавниот сервис МТВ. Нејзиното лице од вечерните вести на МТВ е познато низ земјата. Тимот на „Медиа педиа“ ја праша оваа новинарка дали се точни тврдењата на новинарите. Таа негира дека е координатор на проектот, но не негира дека пишува за порталот.
„Ем медиа“ е, исто така, издавач и на порталот Вистина – забавен информативен портал, кој, освен што се занимава со пејачите, актерите, спортистите и со други познати личност на начин типичен за жолтиот печат, „Вистина“ во своите текстови често обвинува некои од популарните личности за непримерно претставување на државата Македонија или непатриотско однесување кое ја „брука“ државата.

Па така, од „ловот на предавници“ и луѓе кои ја „срамотат“ татковината никој не е поштеден, ниту пејачи, ниту новинари, спортисти, ниту невладини организации и политичари.

Но, адресата на „Ем медиа“ или седиштето на порталот „Курир“ обединува и други бизниси. На истата адреса се води и интернет-телевизијата „Македонија 24“ чиј регистрант на МАРНЕТ е фирмата во сопственост на Дејан Донев.

„Македонија24“ има заедничко седиште со „Курир“,а Порталот „Курир“, освен текстуалните и фотосодржини, редовно емитува и видео содржини, кои, пак, се подготвени, односно преземени од интернет-телевизијата „Македонија 24“, со која го делат истото седиште.

Но, од друга страна, на Бирото за јавни набавки може да се забележи дека „Курир“, односно „Ем медиа“ неколкупати земала тендери од владата и некои општини и институции за „набавка на обработени видео вести“. Нејасно е за каква набавка станува збор, со оглед на тоа дека единствените видеосодржини на „Курир“ се од порталот „Македонија 24“, а од друга страна, содржините на „Курир“ се јавни.

На овој начин „Курир“ добил десетици илјади евра, но овие суми се единствените кои можат да се потврдат на страницата на Бирото за јавни набавки. Парите што ги добиваат од владините реклами и рекламите на другите државни институции не се познати бидејќи владата на овие прашања сега, како и многупати претходно ни испрати одговор дека податоците врзани за парите што се исплаќаат на медиумите за рекламирање се „класифицирана информација, чие оддавање може да им наштети на државните интереси“.Дејан Донев, лицето што обединува многу од споменатите портали чија сопственост е нејасна, исто така се јавува како корисник на државните тендери со својата фирма „ИИА ДД“.

Донев е маркетинг-контакт на „Курир“, „Лидер“ и „Денешен“. Но, “ИИА ДД“ впишана е како компанија одговорна за печатењето на годишната програма на Министерството за култура, компанијата добила тендери од градот Скопје и од Владата на РМ, чија веб-страница ја изработила.

тендери.png

Порталот „КУРИР“ добил 1.3 милиони евра од Владата!

Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП, којашто пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС.
Зад агенцијата за обезбедување СГС стои братучедот на Груевски, Мијалков.
Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

курир.jpg

  • Кој го управува порталот „Максим“?

Со овој портал раководи новинарот од Сител телевизија, Александар Спасовски, иако неговото име никаде јавно не фигурира. Како контакт е наведена единствено и-меил адреса.
Според податоците од Македонската Академска Истражувачка Мрежа (МАРНЕТ), доменот Максим.мк е регистриран на фирмата НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ Скопје, друштво за трговија и услуги. Оваа фирма се бави со веб-дизајн, дизајн на компјутерски мрежи и хостинг решенија.
На Максим често можат да се најдат идентични текстови со оние што се објавени на порталот Прес 24, кој е во сопственост на неговата сопруга Славица Арсова Спасовски, а Спасовски е заменик уредник.

максим.png

Според податоците од Македонската Академска Истражувачка Мрежа (МАРНЕТ), доменот Максим.мк е регистриран на фирмата НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ Скопје, друштво за трговија и услуги. Оваа фирма се бави со веб-дизајн, дизајн на компјутерски мрежи и хостинг решенија.

марнет.png

И Латас формирал свој портал за да добива пари од Владата! Медиа Груп Македонија. Во оваа групација освен овој информативен портал влегува и интернет изданието на дневниот весник Вечер како и интернет агрегаторот Вести.мк.

И Филип Петровски форимирал портал за да добива пари од Владата на Груевски.

  • Радио Слободна Македонија – осноач, близок пријател на Сашо Мијалков
Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Македонија“ во 2012 остварила приход од 2.000 евра.
Но, во 2013 година заработката на провладината “Радио Слободна Македонија” рипнала на 242.000 евра. Тоа е годишно зголемување на приходите од 240.000 евра!
Како што покажува документот во прилог овие 242.000 евра ги обезбедил само 1 вработен во „Радио слободна Македонија“!
Како е можно само 1 вработен да оствари приходи од 242.000 евра?
Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.
Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.
Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.

centralen registar1.jpg

Фирмата НВСП, сопственик на кумановската К3 телевизија (поранешен „Златен канал“) и на Радио Слободна Македонија е формирана во далечната 2006 година и нејзин сопственик е скопјанецот Владислав Стајковиќ.
Стајковиќ не е лице од насловните страници, меѓутоа скопскиот естаблишмент добро ги знае неговите релации со луѓето од високите структури во власта и со бизнис-круговите од главниот град.
Тој во моментов е директор на фирмата „Мобико“, каде што газдува Жарко Луковски.

РСМ.jpg

  • СИТЕЛ ТВ

Фирмата-основач на Сител тв, Монтеко ДООЕЛ е регистрирана за производство на освежителни пијалоци, минерална вода и друга флаширана вода.

За само еден ден (на 1.3.2013 г.) СИТЕЛ Телевизија од Владата на РМ добила сума од 22 милиони денари или 360 илјади евра. Со назнака-„реализација на кампања“. 23 дена пред локалните избори. Ако за еден ден платиле 360 000 евра, колку платиле за 20 дена од кампањата?

Ова е официјален документ за трансферите на пари што ги правела Владата кон трите телевизии под нивна контрола, во последните три години, 2013, 2014 и 2015 година. Погледнете го графиконот. Сител на Горан Иванов Ѕинго добила над 5 милиони евра! Во Канал 5 на Емил Стојменов влегле речиси 4 милиони евра! Во Алфа Владата на Груевски внела над 4 милиони евра! Во Сител, Канал 5 и Алфа, само во три годни завршиле 13 милиони евра народни пари!

податоци.png

Но тука не запира финансирањето на овие медиуми. Преку пет поединечни трансакции во еден ден, на 27-ми јуни 2013 година, Владата на Никола Груевски префрлила на сметката на Сител телевизија 5 милиони 227 илјади 502 денари или 85 илјади евра. За реализација на кампања.

На сметката на телевизија Сител на 11 мај, власта на Груевски, префрлила над 930.000 евра!

На сметката на телевизија Алфа, на 11 мај, власта на Груевски префрлила над 930.000 евра!

На сметката на телевизија Канал 5, на 11 мај, власта на Груевски префрлила над 820.000 евра!

Или, власта на Никола Груевски на 11 мај префрлила на Сител, Алфа и Канал 5 над 2.600.000 евра!

податоци 3

Ден по инцидентот во Куманово(9ти мај 2015), на смтката на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ легнале 2.600.000 евра! Додека Македонија е завиено во црно, Груевски трансферира милиони во медиумите. Зошто?

податоци 4.jpg

Тоа не е се. Трите национални телевизии Канал 5, Сител и Алфа ТВ на 17.03.2014 година, на месец дена пред локалните избори од Владата на Груевски добиле неверојатни 68.573.607 денари, а ден потоа, на 18.03.2014 добиле 61.253.387 денари. За 2 дена Груевски испумпал неверојатни 2.5 милиони евра. За што?

isplati_vlada_mediumi_na_17.03.2014.jpg

isplati_vlada_mediumi_na_18.03.2014.jpg

Во периодот од 2012 до 2015 година, медиумите кои ги бранеле политиките на партијата ДПМНЕ и Никола Груевски, во неколку трансфери добиле 28.000.000 евра награда заради послушноста. Затоа од овие медиуми може да слушнете се, само вистината НЕ!

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s