Братот на Митко Чавков, екс градоначалник и криминалец со тапија

Кирил Чавков, братот на сегашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, е добро познат за струмичката полиција и жителите на Ново Село. Тој бил Градоначалник на Општина Ново Село. Имено, ПС Струмица во 2006-та година поднела кривична пријава против Чавков Кирил (51) од Ново Село, поранешен градоначалник на општина Ново Село, Папулев Александар (56) од Ново Село, поранешен директор на ЈП Комуна – Ново Село и Павлов Марјанчо (41) од Струмица, сопственик и директор на ДООЕЛ „Сицилија“, за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и  овластување, од страна на првопријавенот (Чавков Кирил) и второпријавениот (Папулев Александар) и кривично дело – фалсификување и уништување на деловни книги, од страна на третопријавениот.

Првопријавениот (Чавков Кирил), како градоначалник на општина Ново Село, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во текот на 2001 година посредувал при набавка на ТМВ-камион за собирање на смет за потребите на ЈП Комуна – Ново Село, при што иако возилото во РМ било внесено како донација за општина Ново Село, со што се одбегнати давачките при увозот на истото, истиот склучил цесија помеѓу Општина – Ново Село, ЈП Комуна – Ново Село и ДООЕЛ Сицилија со кое возилото било платено на ДООЕЛ Сицилија во износ од 993.655,00 денари со кој износ го оштетил буџетот на РМ.

Второпријавениот како директор на  ЈП Комуна – Ново Село, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, со потпишување на цесија од 07.09.2001 година за сума од 993.655,00 денари овозможил да се изврши плаќање на возилото од страна на Општина – Ново Село на ДООЕЛ Сицилија, иако во тој момент ЈП Комуна нема никакви побарувања од општина Ново Село.
Третопријавениот како сопственик и директор на ДООЕЛ Сицилија во текот на 2001 година извршил продажба на ТМВ – камион со собирање смет во корист на ЈП Комуна, со фактура бр. 25-1/01 од 07.09.2001 година, иако за истиот нема фактура за набавка прокнижено во книговодството на негота фирма, ниту пак ги има платено давачките при увозот на возилото бидејќи истото е прикажано како донација на општина Ново Село.
Досието на Чавков Кирил за ова и за други кривични дела за кои судот во Струмица под влијание на Марина Абрашева и неговиот најдобар другар Емил Глигоров (кој додека беше истражен судија во исто време беше и редовен гостин во кабинетот на Чавков во МВР 2006-2008 година) во Јавна безбедоност се води под следните броеви:
1.дос. бр. 15045/03
2.дос.бр. 15405/06
3.дос.бр. 15405/06
Кај жителите на Ново Село, Кирил Чавков е познат како личност кој се заканува, врши тортура и невиден грабеж на општинскиот имот. Тендерите ги мести и сите градежни работи му ги дава на својот другар, кој во селото има сопствена градежна фирма. Понатаму, советниците ги лаже и ги уценува да му ги покриваат сомнителните зделки.Под принуда на градоначалникот, советниците на ДПМНЕ морале да изгласаат и одобрение за отстапување на општествен имот на Маријан од “Сицилија” и за легализирање на неговата дивоградба, иако за тоа место постои проект за изградба на кванташки пазар. Во соработка со Александар Јанушев, претседател на Управниот одбор на ЈП “Комуна”, градоначалникот купил дуќан за минимална сума, што бил во сопственост на ова претпријатие, а не смеел да се оттуѓува 20 години.
Фамилија Чавкови во Струмица се познати по скандали и криминал. Затоа Митко Чавков не смее да биде Министер за внатрешни работи. За криминалот на Кирил Чавков пишувале и тогашните печатени медиуми „Вест“ и „Дневник“.
кирил ќа
кирил1
дневник

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s