Елвис и Амди Бајрам проневериле 548.000€, средства наменети за Ромите во Македонија

Скопската Општина Шуто Оризари, со одлука на Европската Комисија на 8 декември 2014 година, добила грант од 548.801 евра, наменети за вработување на ромското население, отворање на производствени погони за нови вработувања, за развој на локалната/општинската економија. Со овие средства општината требало да организира тренинзи, семинари, конференции, да организира кампања за привлекување на инвеститори, а се со една цел интеграција на Ромите во општествениот и економскиот живот во Македонија, преку нивно вработување.

ЕЦ

ЕЦ2

Но, откако овие пари легнале на сметката на Општината, нема ниту трага ниту глас од нив, ниту информација каде се искористени и каде завршиле. Наместо да биде искористена крајната цел на проектот и намалување на невработеноста во Шуто Оризари, парите не се знае каде се. Невработеноста во Општината од март 2014 до март 2016г. се зголемила за 2,8%. На парашање на советник  на Општината дали Градоначалникот знае за овие пари, беше речено дека имало, ама не се знае што и каде завршиле.

Дали Елвис Бајрам и неговиот татко Амди Бајрам(пратеник во Собранието) правеле дуќани од овие пари и сега земаат ќирија од тие дуќани? Го повикуваме јавниот обвинител да се позанимава со овие пари од ЕУ, Финансиската полиција, Државниот ревизор да покрене постапка за проверка на овие грантови од Европската Комисија.

(Сликите од грантот на ЕК може да ги погледнете и долу, во поголем формат)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s