Пратеникот Влатко Ѓорчев криел дека сопругата зема хонорари од 1.200€ месечно од МНР

Преку Министерството за надворешни работи(МНР), сопругата на пратеникот од ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, добивала месечен надомест од 1.200 евра!  Тоа се околу 15.000 евра за период од една година.

документ.jpg

Имено, според овој договор, во 2008-ма година, тогашниот министер за надворешни работи од ДПМНЕ, Антонио Милошоски, формирал посебно Советодавно тело за соработка со Европскиот парламент. За член на тоа тело е избрана Сузана Петри, сопруга на пратеникот од ДМНЕ, Влатко Ѓорчев.

договор2

Согласно овој Договор покрај споменатите 1.200 евра месечно, сопругата на Ѓорчев, добивала и платени привилегии како: хотелско сместување, пари за сметка од  мобилен телефон од 2.000 денари и повратен билет на релација Скопје-Брисел, Скопје- Стразбур.

договор3.jpg

Но тоа очигледно не им било доволно. Со анекс на Договорот  Сузана добива пари и за такси превоз и превоз со воз. Се на товар на граѓаните на Република Македонија.

aneks1.jpg

Она што претставува законски проблем е тоа што Влатко Ѓорчев, хонорарите од 1.200 евра за неговата сопруга ги нема наведено во Анектниот лист.

Зошто Ѓорчев не ги пријавил овие хонорари на неговата сопруга во Анкетниот лист?

Има ли Влатко Ѓорчев и други непријавени приходи?

resenie

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s