Цела механизација во Центар, власта по секоја цена ќе гради панорамско тркало

Лицемерието на власта – нема крај! Додека првите луѓе на државните институции се фотографираат и парадираат пред камерите и даваат изјави за нивната загриженост и потресеност за загубените животи и за материјалните штети од невремето што го зафати Скопје и околината пред три дена, и денеска не престанува израдбата на Панорамското тркало на Вардар коешто државата ќе ја чини неверојатни 18.000.000 евра. И денеска, на градилиштето имаше работници и градежна механизација.

Иако граѓаните побараа пренамена на овие средства во помош на настраданите од поплавите, власта не се откажува од изградбата на уште еден сегмент кој е дел од проектот „Скопје 2014“ кој според статистиките до сега ја чини државната каса окулу 650 милиони евра. На новинарските прашања Зошто се гради тркалото, кога има други приоритети, Коце Трајановски избегна одговор. Не најдоа за потребно да и соопштат на јавноста дали го прифаќаат предлогот – огромните средства предвидени за аздисаната идеја за Панорамско тркало да се пренаменат за санирање на штетите од поплавите. Одговорите дека сега не е момент да се разговара за тоа, бидејќи требало најпрвин да им се помогне на настраданите, е во духот на досегашното однесување на власта која цела деценија одбива соочување со јавноста и поднесување очет и одговорност.

mehanizacija

panoramsko-trkalo.jpgpanoramsko_trkalo-600x400.png

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s