Владата не се откажува од Панорамското тркало, немало можност за пренамена на парите

За ваков багер сигурно сонуваат сите жители од поплавеното подрачје, во чии подруми, домови или дворови сеуште има кал, тиња, земја, камења, отпадоци и водени наноси кои без механизација не може да се отстранат.

sonja_101-670x367

Но овој багер не се упати ниту кон Стајковци ниту Црешево или Инџиково– тој е ангажиран во изградбата на Панорамското тркало среде Вардар. Отакако се случија поплавите во Скопје и околината, граѓаните и граѓанските организации јавно побараа парите од панорамското тркало да се пренаменат во реновирање на штетите. Но Владата на Република Македонија смета дека проектот(кој е во состав на „Скопје 2014“) е започнат и нема законска можност истиот да се стопира, а парите да се пренаменат за други цели.

Дека Владата нема намера да ги пренамени парите, говори и фактот дека целата механизација која ја поседува Град Скопје е концентрирана во центарот на градот, каде интезивно се гради тркалото на потегот меѓу „Телеком“ и новиот мост на реката Вардар што треба да се изгради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“..

mehanizacijapanoramsko_trkalo-600x400

Инаку, според официјалните документи, Панорамското тркало ќе ја чини државата 18.939.723 евра(1.164.792.961 денари). Како инвеститори на проектот се јавуваат ЈСП Скопје кое учествува со 18.450.292 €(1.134.692.961 ден.) и Град Скопје кој учествува со 489.431 €(30.100.000 ден.) Или вкупно:18.939.723 € (1.164.792.961 ден.)

За изработка на основен проект за панорамско тркало со придружни објекти и мостови во централно градско подрачје на Скопје-Мал Ринг е ангажирана фирмата  „Hotelconcept Gmbh“ – Viena / Адреса на носителот на набавката: Neubaugasse 36/1/6-7/A / Град или населено место: Виена / Држава: АвстријаДоговорен орган1Компанијазаградба

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s