Добивале милиони евра од Владата, за да лажат дека Сорос ја финансира опозицијата

Скандал ги тресе македонските медиуми. Според официјалните статистики, 13 милиони евра од Владата на РМ завршиле на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ. За овие средства, била развиена мрежа од повеќе други портали и телевизии преку кои се слевале парите.

Ова е официјален документ за трансферите на пари што ги правела Владата кон трите телевизии под нивна контрола, во последните три години – 2013, 2014 и 2015 година.

Screen-Shot-2016-02-01-at-14.15.58.png

Сител на Горан Иванов Ѕинго добила над 5 милиони евра!

Во Канал 5 на Емил Стојменов влегле речиси 4 милиони евра!

Во Алфа Владата на Груевски внела над 4 милиони евра!

 

СИТЕЛ ТВ. Датум 01 март 2013. Корисник на буџетски средства: Влада на Р.М. Примач: Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје. Уплатени 7 милиони и 11 илјади денари!
Цел на дознака: реализација на кампања.
Каква кампања исплаќа Владата? На 1 март? 23 дена пред локални избори?

целнадознака1.png

Повторно, 01 март 2013. Корисник на буџетски пари: Влада на Р.М. Примач: Телевизија Сител. Исплатени 5 милиони 842 илјади 499 денари!
Цел на дознака: реализација на кампања.
Каква кампања исплаќа Владата? На 1 март? 23 дена пред локални избори?

средства.png

И повторно 01 март 2013 година. Владата на РМ на Сител и пушта уште 1 милион и 230 илјади денари.
ТОА Е ВКУПНА СУМА ОД 22 МИЛИОНА ДЕНАРИ! За 1 ден. 23 дена пред локални избори!средства2.png

Но тука не завршува скандалозното финансирање на Сител ТВ од страна на Владата. Имено, на 27-ми јуни 2013 година, преку 5 поединечни трансакции Сител добива нови 85 илјади евра од Владата. 85 илјади евра за 1 ден!

27јуни.jpg

28 јн.jpg

28.jpg

јуни.jpg

На сметката на телевизија Сител на 11 мај 2015, власта на Груевски, префрлила над 930.000 евра!
На сметката на телевизија Алфа, на 11 мај 2015, власта на Груевски префрлила над 930.000 евра!
На сметката на телевизија Канал 5, на 11 мај 2015, власта на Груевски префрлила над 820.000 евра!
Или, власта на Никола Груевски на 11 мај 2015 годинапрефрлила на Сител, Алфа и Канал 5 над 2.600.000 евра! 2 дена после убиството на 8 полицијаци во „Диво Насеље“. Зошто?

кам

Ден по инцидентот во Куманово(9ти мај), 2.600.000 евра за Сител, Канал 5 и Алфа!

инд

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Македонија“ во 2012 остварила приход од 2.000 евра.

Но, во 2013 година заработката на провладината “Радио Слободна Македонија” рипнала на 242.000 евра. Тоа е годишно зголемување на приходите од 240.000 евра!
Како што покажува документот во прилог овие 242.000 евра ги обезбедил само 1 вработен во „Радио слободна Македонија“. Како му успеало?

радио слободна македонија.jpg

Во 2014 година пак, „Радио Слободна Македонија“ ја завршиле годината со заработка од 22.744.343 денари.

радио.jpg

 

Пари од Владата на РМ добил и провладиниот портал „Курир“ кој е во сопственост на фирмата ЕМ МЕДИА ДООЕЛ Скопје која пак е во сопственост на Ацо Мисајловски, братот на сегашниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. 1.3 милиони евра од Владата за „Курир“!

курир.jpg

Но, адресата на порталот „Курир“ и личноста што е наведена како маркетинг-контакт на оваа компанија нѐ доведоа и до други интернет-портали, претежно формирани во последните година или две, кои не само што делат слична уредувачка политика со „Курир“, туку често делат и исти содржини.
Трагањето по сопствениците на некои од порталите кои немаат никакви информации за фирмите или, пак, уредниците што стојат зад нив почна од извесно лице Дејан Донев. Неговотo име и телефонски број се оставени како маркетинг-контакт на порталот Курир, но и на порталите Лидер и Денешен.
Лидер“, „Економски“, „Вистина“ и „Денешен“ немаат податоци за главниот уредник на весникот и фирмата-издавач на самиот сајт.

курир1.png

Но, адресата на „Ем медиа“ или седиштето на порталот „Курир“ обединува и други бизниси. На истата адреса се води и интернет-телевизијата „Македонија 24“ чиј регистрант на МАРНЕТ е фирмата во сопственост на Дејан Донев.

„Македонија24“ има заедничко седиште со „Курир“,а Порталот „Курир“, освен текстуалните и фотосодржини, редовно емитува и видео содржини, кои, пак, се подготвени, односно преземени од интернет-телевизијата „Македонија 24“, со која го делат истото седиште.

Но, од друга страна, на Бирото за јавни набавки може да се забележи дека „Курир“, односно „Ем медиа“ неколкупати земала тендери од владата и некои општини и институции за „набавка на обработени видео вести“. Нејасно е за каква набавка станува збор, со оглед на тоа дека единствените видеосодржини на „Курир“ се од порталот „Македонија 24“, а од друга страна, содржините на „Курир“ се јавни.

Донев е маркетинг-контакт на „Курир“, „Лидер“ и „Денешен“. Но, “ИИА ДД“ впишана е како компанија одговорна за печатењето на годишната програма на Министерството за култура, компанијата добила тендери од градот Скопје и од Владата на РМ, чија веб-страница ја изработила.

кури2.png

Според официјалните документи на Централен регистар неделникот ‘Република’, восопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1милиони евра за период од три години.

прва

прва2

прва3

прва4

прва5

прва6

Тоа не е се. Трите национални телевизии Канал 5, Сител и Алфа ТВ на 17.03.2014 година, на месец дена пред локалните избори од Владата на Груевски добиле неверојатни 68.573.607 денари, а ден потоа, на 18.03.2014 добиле 61.253.387 денари. За 2 дена Груевски испумпал неверојатни 2.5 милиони евра. За што?

isplati_vlada_mediumi_na_17-03-2014.jpg

isplati_vlada_mediumi_na_18-03-2014.jpg

Уште колку народни пари потрошила Владата на РМ за купување на медиумите? Затоа ли провладините медиуми ја напаѓаат опозицијата и Шарената Револуција дека се платеници на странски фондации, иако за тоа немаат ниту еден доказ?  Затоа од овие медиуми може да слушнете се, само вистината НЕ!

 

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s