Афера „АФИС“: Пред изборите во 2013г. од МВР исчезнале 2 системи за печатење лични карти

За да ги архивира отпечатоците на криминалците, ФБИ го користи Системот за идентификација наречен АФИС (Automated fingerprint identification system). Тоа е комплетна техничка опрема со мултифункционални способности. Откако ги наметнал своите перформанси како исклучително погоден за обработка на податоци со отпечатоци, системот почнале да го користат многу американски држави, пред сѐ, полициите и научно-истражувачките институции и универзитети.
По примерот на ФБИ, и Македонија има современ и скап АФИС систем во сопственост на МВР.

Но, како системот заврши во полиција и како наместо три, колку што се предвидени со јавната набавка, денес има само еден систем?

1. Во 2010 година, (по претходнен договор за свесно изигрување на тендерската постапка на МОН, помеѓу врвот на МВР, МОН и Деканот на Факултетот за безбедност), Деканот на Факултетот за безбедност во корист на МВР аплицирал со Елаборат и тендерска спецификација за опремување на непостоечка Лабараторија за криминалистичка регистрација и идентификација со Автоматизиран систем за идентификација преку траги од папиларни линии или популарно наречен АФИС систем.

договор1.jpg

2. Како, во објавениот и доделениот договор за јавна набавка во 2010 година, тежок 2,5 милиони евра, МОН како договорна страна објавува Оглас за набавка на лабараторија за криминалистичка регистрација и идентификација, а станува збор за две лабаратории за МРТ и една лабараторија за Факултет за безбедност? Од кога МРТ е јавна научна установа и може да користи буџетски средства за техничко опремување од потпрограма на МОН?

договор2.jpg

3. Зошто во Записникот за примопредавање на лабараторијата за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС), наместо овластениот претставник од Факултетот за безбедност, како посочен краен корисник се јавува началникот на Одделот за Криминалистичка техника при МВР, претставникот на фирмата добавувач и неидентификувано лице од МОН? Дали ова не е уште една потврда дека, Јанкулоска и врвот на МВР, знаеле за изигрувањето на процедурите?

договор3

4. Зошто 6 месеци по примопредавањето на 2,5 милионски вредната лабараторија (АФИС) во МВР, Владата на РМ, само ден по “Црниот понеделник“ во Парламентот, на седницата на 25.12.2012 година, носи фиктивна Одлука со којашто лабараторијата ја доделува на трајно користење без надомест на Факултетот за безбедност? Дали оваа фиктивна одлука е дел од постапката за прикривање на незаконитите постапки?

 договор4.jpg
5. Зошто 6 месеци по поднесувањето на кривичната пријава во ЈО за организиран криминал, Влада повторно днесува фиктивни одлуки за 5 милионски вредната лабараторија (АФИС) Дали овие фиктивни одлукас е дел од постапката за прикривање на незаконитите постапки?
договор5
6. Зошто седум месеци по поднесувањето на кривичната пријава до ЈО, Гордана Јанкуловска и Спиро Ристовски потпишаа Договор за користење на опремата за криминалистичка регистрација и идентификација, во иста вредност како и вредноста на јавната набавка за АФИС од 151.877.850 денари или близу 2,5 милиони евра? Дали мислат дека со тоа, ќе ги прикријат незаконските дејствија на министерствата што ги водат?
договор6.jpg
7. Дали се основани сомнавањата за исчезнати две лабаратории за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС) за МРТ?
Склучениот договор за доделување на јавната набавка и договорот за јавната набавка што оди преку Факултетот да безбедност е во висина од 151.877.850 денари, или близу 2,5 милиони евра. Официјалниот одговор на МВР, на прашањето колку чини опремата од Одлуката на Владата, 4 месеци по договорот, е дека вредноста на опремата изнесувала 45.085.519 денари или 737.292 евра. Ова е три пати помала сума од вредноста на јавната набавка.
Тогаш каде исчезнаа 1.748.434 евра ?
Според сето ова, дали вредноста на договорот за јавната набавка се однесува на еден или на три лабаратории АФИС?
договор7
8. Ако лабараторијата за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС), според Записникот е примопредадена во МВР на 01.08.2012 година, зошто тогаш, МВР опремата книговодствено ја заведува дури 18 месеци подоцна, односно на 31.12.2013 година? Што значи 18 месечното книговодствено неевидентирање на опремата?
договор8
Ќе има ли одговорност за лицата кои преку фалсификувани документи, свесно влегле во постапка за изигрување на јавната набавка и трошење на буџетски средства од подпрограма на МОН ?
Во прилог цела документација…(кликни врз сликата за поголема резолуција)

Leave a comment