Митко Чавков ги поставил Урко и Ален Зекиров за началници во МВР

Екс телохранителот на тогашниот директор на УБК – Мијалков, Ален Зекиров од министерот за внатрешни работи Митко Чавков добил решение во кое се назначува за главен инспектор во УБК во одделот за анти-тероризам. Исто како и него, решение добил и екс телохранителот на Никола Груевски, Дејан Митровски-Урко. Во одделот за анти-тероризам платата на вработените инспектори е за 45% поголема од други места т.е. Урко и Зекиров ќе земаат околу 50 000 денари (основица), а која плата пак со додатоци би изнесувала околу 1000 евра.

Ален Зекиров и е познат на јавноста и по судската пресуда од 6 месеци која ја доби заради сообраќајната несреќа што се случи во 2009 година, во која загина 73-годишниот Симо Серафимовски. Сообраќајката се случи во Скопје на „Партизанска“, кога Зекиров на мотор удри во скопјанецот Серафимовски, додека на пешачки премин го туркал својот велосипед.

Пред неколку недели пак, Урко усмртти 22 годишно дете кај „Рампа“ – Кисела Вода, но Чавков и МВР и ден денес немаат покренато пријава за овој случај.

Дали и другите вработени во МВР треба да газат граѓани, за да добијат унапредување?

Зошто Митко Чавков молчи за овој скандал?

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s