Одлуките и решенијата на Чавков и Андонов се незаконски, Спасовски останал единствен овластен потписник

Според документот од Централниот регистар издаден денеска (2 септември во 12:35ч.), како единствено овластено лице, односно овластен потписник на МВР се уште стои Оливер Спасовски, кој беше министер од 11 ноември 2015 до 18 мај 2016 предложен од СДСМ.

Str-1-670x946

Str-2-670x945

Иако Митко Чавков повторно беше избран за министер по повлекувањето на одлуката за избори на 5 јуни, сепак, неговото име воопшто го нема во Централниот регистар.

Ова значи дека сите одлуки и решенија, сите именувања и разрешувања, прием на новите полицајци и сето тоа што го потпишал Чавков од позиција на министер е неважечко. Ова пак значи дека потписот на новиот министер Оливер Андонов (кој беше министер неколку часа) за назначување на Митко Чавков за директор на БЈБ е неважечки.

Со ова  е направена злоупотреба на службената положба во МВР!

Кој ќе одговара за овој скандал од невидени размери?

Leave a comment