Каналите не се исчистени, ама 3 милиони евра легнале на сметките на фирми блиски до власта

Криминалот на ДПМНЕ има огромни последици по сигруноста и безбедноста на сите граѓани. Сo поплавите, на површина излезе целото неодговорно и криминално работење на власта.

Само во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, исплатени се повеќе од 2,5 милиони евра за одржување на каналска мрежа за одводнување и наводнување на земјоделско земјиште и инвестиции наменети за водостопанство.

Повторно, овие пари легнуваат на сметките на фирмите блиски до владејачката партија. Се работи за следните:

  1. Стентон градба – близу 400 илјади евра
  2.  Силекс Неметали – близу половина милион евра
  3. Трансмет – близу 700 илјади евра
  4. Жикол – над 800 илјади евра.

Од парите за чистење на канали близу 700.000 евра, завршиле во фирмата „Трансмет“. Нејзиниот сопственик Сеад Кочан, на почетокот на оваа година ја отвори и ТВ Нова со вкупен капитал од 4 милиони евра, уште една телевизија на која можат да се слушнат многу пофални зборови за власта. Се работи за „оној што има Сеат Ибица“, како што би рекол Никола Груевски, а слушнавме во снимките од проектот #ВистинатаЗаМакедонија.

Близу половина милион евра завршиле кај Силекс Неметали, фирма во сопственост на Силекс АД Кратово, која пак е во сопственост на коалициониот партнер на Груевски, Љубислав Иванов – Ѕинго, чиј син е пак сопственик и на Сител телевизија.

Во време на склучување на договорот со Силекс Неметали и исплата на парите, министерот за земјоделство Михаил Цветков, е член на Управниот одбор на Силекс АД Кратово. Тоа е класичен судир на интереси, за кој веќе поднесовме кривична пријава и очекуваме разврска.

%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%801

%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%802

DSC_0026.JPG

DSC_0027.JPG

dsc028.JPG

Но и покрај потрошените 3.000.000 евра народни пари, ова е состојбата на терен. Неисчистени канали кои 3 пати го поплавуваат Стајковци и Скопје.

%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8

%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d1%832

За ова и за сите други злоупотреби направени на сметка на безбедноста и животите на граѓаните, виновниците ќе одговараат.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s