„Печуркарата“ во Свети Николе „мувлоса“ предвреме, инвеститорот уапсен заради даночна измама во Холандија

Холандскиот инвеститор Теодорус Ван Кампен кој со екс премиерот Никола Груевски пред две години удрија темели за изградба на фабрика за печурки во Свети Николе, во матичната земја бил обвинет за затајување данок, а властите му одзеле дел од неговиот имот, во време кога тој ја договарал инвестицијата во Македонија.

пецурки.jpg

Денес, на само шест километри од Свети Николе, во Овчеполието, во запустена и изолирана локација зјае огромна метална конструкција. Оградена е и под катанец речиси две години, откако на 2 февруари 2014 година свечено беше поставен камен-темелник на фабрика за производство на печурки.

ad42c4276eae2942920fb7c2d6f4e8f6.jpg

Наспроти сите уверувања дека фабриката ќе биде изградена, металната конструкција подигната на шест киломери од Свети Николе сведочи дека на тоа место веќе подолго време никој не инвестира

c546d606a9676cc3935b84494f734ef2

Зошто не се инвестира во „печуркарата“?

Според пишувања на холандски новинари, проблемот можеби лежи во тоа што Теодорус Ван Кампен се соочува(л) со тешки обвиненија во сопствената земја. Бил гонет за даночна измама во вредност од околу 10 милиони евра. Државата му запленила фабрика, зграда и приватен авион. Холандските даночници, како што пишуваат медиумите, успеале да повратат околу еден милион евра.

„Тео К. (63 години) е првоосомничен во мега-истражување на обвинителството поради даночна измама од најмалку 10 милиони евра. Неговиот имот се одзема“, се вели во информациите што ги пренел холандскиот интернет портал „Follow the money“.

Во Свети Николе каде што 450 луѓе чекаат вработување, никој од надлежните нема информација зошто е стопирана изградбата на фабриката за печурки

Според написите, Тео ван Кампен бил еден од главните во организирана криминална група за производство на печурки во Холандија. Според истражните органи, организираната група предводена од Кампен, наместо во Холандија, печурките што се нуделе на домашниот пазар ги произведувала во Полска, а за таа намена била ангажирана евтина работна сила – работници на црно од Бугарија.

ff

„Тео К. (63 години) е првоосомничен во мега-истражување на обвинителството поради даночна измама од најмалку 10 милиони евра. Неговиот имот се одзема“, се вели во информациите што ги пренел холандскиот интернет портал „Follow the money“.
линк од објавата во оргинал – https://www.ftm.nl/artikelen/staat-jaagt-op-hoofdverdachte-champignonfraude

te.png

Дојдовме до податок и дека Ван Кампен имал фирма и во Полска и во Велика Британија, која ја отворил во 2008 година, а ја затворил во 2009 година. Освен за затајување данок, холандските истражни органи го товареле Кампен и за злоупотреби со студентски стипендии.

kl1.png

ll.png

Стефан Вермулен, холандски новинар што го следел случајот, во статија објавена во интернет порталот „Follow the money“, во која пренесува информации од судењето на организираната група предводена од Кампен, вели дека во судницата биле присутни и дел од оштетените стипендисти. Компанијата на Тео ван Кампен отворена во Холандија била длабоко вмешана во валканиот бизнис со печурки:

„Тео ван Кампен – и неговата компанија ЕФТ – беа главните осомничени во истрагата од страна на холандските јавни обвинители во големи измами во европскиот бизнис со печурки. Во текот на летото 2009 година, тој беше уапсен, заедно со уште неколку други осомничени, а Министерството за правда одзеде дел од неговиот приватен имот, вклучувајќи го и неговиот приватен авион. До крајот на 2009 година властите го обвинија за даночна измама од 10 милиони евра. Вкупно, даночната измама дури може да биде и поголема, со оглед на тоа што барањето од 10 милиони се однесува само со неговите активности меѓу 2003 и 2005“ – вели Вермулен.

Тој додава дека е можно Ван Кампен и да избегал од земјата, бидејќи не завршил во затвор, барем не по 2011 година.

 sd.png
Договорите со Груевски биле уште во 2011 година

Периодот (2011 година), во кој Ван Кампен бил недостапен за холандските органи се совпаѓа со неговиот престој во Македонија и првичните договори за инвестирање во кабинетот на премиерот Никола Груевски:

„Пред три години, господине премиер, во вашата канцеларија ви дадов ветување, а ветувањето е сега тука“, изјави инвеститорот Теодорус ван Кампен на свеченото поставување камен темелник на фабриката на 2 февруари 2014 година. Холанѓанецот во прво време планираше да вложи 3,5 милиони евра, а во текот на наредните пет години уште околу 20 милиони евра.

На свечениот чин со лопатите присуствуваше и премиерот Груевски, објавуваќи дека ќе бидат отворени нови работни места – на почеток за околу 30 луѓе, а за неколку години дури за 450 невработени од општината.

ge.png
              Никој не знае зошто пропаѓа ветената инвестиција од 25 милиони евра

Холандскиот инвеститор Теодорус ван Кампен во „големиот“ македонскиот бизнис (25 милиони ветени евра) влезе на мала легална врата преку две компании и двете регистрирани со седиште во Тетово.

Со влог од 5.000 евра, Ван Кампен ја отворил фирмата „И и Д Балкан ДООЕЛ Тетово“, три години пред да биде удрен камен-темелникот на фабриката. Но, истиот ден тој отвора уште една фирма на истата адреса во Тетово – „Трговско друштво Европски институт за сертификација“. Приоритетна дејност на компанијата, И и Д Балкан ДООЕЛ, според изводот од Централниот регистар на Република Македонија, не е производство туку трговија на големо. Сето ова се случувало во периодот во кој „исчезнал“ од неговата земја, според новинарот Вермулен.

sos.png
sda.png
На прашањето дали му е познато со какви обвиненија бил соочен холандскиот инвеститор Ван Кампен во матичната земја и дека му е одземен имот поради затајување данок, градоначалникот Тасев вели:

„Фрозен (Frozen). Тој збор го употреби инвеститорот, така што имотот му е замрзнат, не му е одземен, нема законска основа за такво нешто“.

Оваа изјава на Тасев, без сомневање, покажува дека локалната власт, а секако тогаш можеме разумно да претпоставиме дека и централната, т.е. Владата, знаеле дека инвеститорот има проблеми со законот во земјата од каде што доаѓа.

tas.jpg

Денес, долго ветуваната фабрика за печурки во Свети Николе, која што требаше да вработи 450 луѓе е само споменик на криминалот на Груевски, Тасев и ДПМНЕ!

foto-3---Pecurkara-Sveti-Nikole.jpg

Напомена:При превземање на содржината од страна на други web страници, задолжително да се напомене изворот на информации. пример (Извор на информации:Криминалите на ВМРО ДПМНЕ)

Leave a comment