Пешевски преку оф-шор во Кипар, директорува со фирми во Македонија

Вицепремиерот Владимир Пешевски станал директор на оф-шор фирма лоцирана во даночниот рај-Кипар. Станува збор за фирмата „Фертисимо инвестмент лимитед“ лоцирана во Никозија, Кипар.

kipar.jpg

Тој ја отворил фирмата во април 2006 година, додека бил генерален менаџер на СЕАФ – Меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции во приватни компании на Балканот, а воедно бил и главен инвестициски советник при продажбата на неколку српски и косовски компании на странски инвеститори.

kipar1.jpg

Три години по формирањето на кипарската фирма, во јуни 2009 година, Пешевски станува вицепремиер за економски прашања, но тој не се повлекува од директорската позиција во „Фертисимо“.

Законот за спречување судир на интереси е јасен дека „службеното лице кое пред стапувањето на вршењето на јавни овластувања или пред стекнување на статус државен службеник, кој како сопственик управувал со трговско друштво или установа, за време на вршењето на јавните овластувања или должности е должен управувањето да му го довери на друго лице или на посебно тело“.

„Фертисимо инвестмент лимитед“ е сѐ уште активна, постои во Централниот регистар на компании во Кипар, со непроменети сопственици и со непроменет директор. Во официјалната биографија на вицепремиерот Пешевски не е наведено дека тој менаџирал со кипарска компанија, а неговите примања што ги имал преку „Фертисимо“, не се наведени во неговиот анкетен лист.

Парите од „Фертисимо“ влегуваат во скопската слаткарница „Пастел“

Вицепремиерот Владимир Пешевски е газда на слаткарницата „Пастел“, лоцирана во центарот на Скопје.

pastel (7).JPG

Според долу објавените документи се потврдува дека тој е мнозински сопственик на фирмата „Депет“, чиишто подружници се слаткарниците „Пастел“.

Според трансакциите во фирмата „Депет“, регистрирана во јуни 2008, со влог од 5.000 евра, односно ако се следи зголемувањето на основната главнина на оваа фирма на 318.000 евра во 2009 година, може да се претпостави дека средствата од консултантските услуги на Пешевски вршени преку кипарската фирма „Фертисимо“, потоа се влеани во основната главнина на „Депет“, со што ВладимирПешевски станува мнозински сопственик.

1-8

3-5(Изводи од Централниот регистар за „ДЕПЕТ“ во кој Владимир Пешевски ја зголемува основната главнина на фирмата во јануари, мај и август 2009 година)

Последен пат Пешевски ја зголемува главнината на „Депет“ во август 2009 кога е веќе назначен за вицепремиер за економски прашања и влогот во „Пастел“ е пријавен како удел, односно како хартии од вредност, во неговиот анкетен лист.

Со непријавувањето на компанијата во анкетниот лист, Пешевски го прекршува Законот за спречување судир на интереси и врши заобиколување на домашните регулативи.

Дали Владимир Пешевски ќе одговара пред Законот и ќе си поднесе оставка?

Народот чека одговор!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s