Во „СГС“ на Мијалков, вработени партиски војници без лиценци за обезбедување

Агенцијата за обезбедување „Секјурити Груп Сервисис“ (СГС) на домашниот пазар е присутна 5 години. За овој краток период СГС стана доминантна во бизнисот со обезбедувањето, потиснувајќи ги зад себе сите останати фирми со долгогодишна традиција и искуство. Долг е списокот на институции и објекти за чија безбедност се грижат вработените во СГС: ЕВН, средните училишта во Скопје, објекти од „Скопје 2014“, Клиниката за гинекологија, министерства, јавни претпријатија… Посебно е интересно тоа што во најголемиот број од добиените тендери, СГС се јавува како единствен понудувач.

Еден од новите објекти кои ги обезбедува СГС е новиот хотел „Marriott“ кој што се наоѓа во стогиот центар на Скопје. Она што е скандалозно е дека хотелот го обезбедуваат партиски војници вработени во „СГС“ кои немаат лиценца за обезбедување. Ова е извештајот за завршена смена на еден од вработените во СГС кој го обезбедува хотелот:

%d1%81%d0%b3%d1%811

%d1%81%d0%b3%d1%812

Хотел „Marriott“ е дел од проектот „Скопје 2014“ за чија што изградба се потрошени 40 милиони евра. Како инвеститор на изградбата се појавува фирмата „Дивелоп груп“ чиј сопственик е Александар Ивановски, кој во јавноста е познат и како Алек-Теранова, близок пријател со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

„Дивелоп груп“ ДООЕЛ била основана во јануари 2006 година, а дејност на фирмата е подигање згради. Како основачи на компанијата се јавуваат три фирми: „Интернационал Девелопмент груп инц“ од Белизе, американската „Центроком ЛЛЦ“ од Вашингтон и македонската „Импрегнал Инженеринг ДООЕЛ“.

„Интернационал Девелопмент груп инц“ доаѓа од Белизе, каде била формирана во октомври 2003. На истата адреса се наоѓа и првиот сопственик на македонската компанија „Ексико“, уште една офшор-фирма која од 2011, па до денес се стекна со капитал во Македонија вреден десетици милиони евра. Според записникот од состанокот на акционерите до кој дојдовме и кој се одржал еден ден подоцна за прв директор на „Интернационал Девелопмент груп инц“ е избран Петр Бена од Чешка, а за негов полномошник е назначен Ненад Јосифовиќ.

Бена на македонската јавност воопшто не ѝ е познат, но затоа се познати неговите бизнис партнери – браќата Спаравало, кои се долгогодишни ортаци и на шефот на македонската тајна полиција Сашо Мијалков, првиот братучед на премиерот Никола Груевски. Браќата Спаравало биле содружници во некои од фирмите на Мијалков во Прага.

Бена е член на надзорниот одбор на фирмата „ЕКОНТ“ , каде дел од управниот одбор е Војислав Спаравало, додека неговиот брат Дејан е претседател на надзорниот одбор.
Браќата Спаравало заедно со Мијалков беа сопственици на фирмата „Сервис Поинт ММ“ во Чешка. Фирмата изгради 50 луксузни апартмани во областа Михле во Прага пред да биде ликвидирана во 2013.

Ненад Јосифовиќ, пак, е претседател на Надзорниот одбор на „Стопанска банка“ АД Битола во која до пред некое време еден од најголемите акционери беше бизнисменот Орце Камчев и фирмата со швајцарски капитал „Ексико“. Сега како акционер во банката се јавува само фирмата „Пелистерка“ АД Скопје, чиј сопственик Цветан Панделески е татко на Дејан Панделески, кумашинот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Токму Министерството за транспорт го продаде државното земјиштето во Охрид на „Дивелоп груп“.

Јосифовиќ меѓу другото работел и во „Евро Балкан груп“ АД, каде бил извршен директор од 2009 до 2012, „Орка спорт“, „Орка текстил“, „Орка холдинг“, „Кара“, фирми кои се во сопственост на Камчев. Неговиот брат Ивица Јосифовиќ бил дел од неизвршниот одбор на директори на „Евро Балкан груп“, која подоцна е именувана во „Кара“.
Втората фирма која била газда на скопската „Дивелоп груп“ е американската „Центраком“ ЛЛЦ. Компанијата е формирана во август 2005 година, а нејзин основач е извесен Џеф Тиндал, додека управител била Гинаула Маркантони од Никозија, Кипар.

Третата фирма која била сопственик на „Дивелоп груп“ е скопската „Импрегнал Инженеринг“, формирана во април 2005. Нејзин основач е Александар Ивановски, кој од самото основање е управител на „Дивелоп груп“.

Дека зад најфамозната фирма за обезбедување „СГС“ стои Сашо Мијалков, слушнавме и од објавените бомби кои беа дел од проектот „Вистината за Македонија“. Еве слушнете:

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s