Антонио Милошоски од САД барал да го изменат извештајот на ОДИХР за исходот од изборите во 2008г.

На 3ти јуни 2008 година, Антонио Милошоски (во тој период министер за надворешни работи н.з.) се обратил до Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, со барање да влијае да влијае на извештајот на ОДИХР во однос на изборите и сугерирал извештајот да го прифати позитивниот став на неговата партија.

Во документот објавено е следното:

„По предвремените парламентарни избори на 1 јуни, проследени со насилство и измами, Антонио Милошоски (во тој период министер за надворешни работи н.з.) се обратил до Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, со барање да влијае на извештајот на ОДИХР во однос на изборите кој требало да биде објавен подоцна во текот на истиот ден.

Конкретно, побарал од амбасадорката да влијае извештајот да го прифати позитивниот став на неговата партија според кој проблеми имало во само 1-2% од избирачките места кои се наоѓаат во еден дел од земјата и дека изборите биле главно слободни и фер.

Милошоски сугерирал дека истакнување на проблеми (измама, закани и насилство) во Северозападна Македонија ќе разгори меѓуетничките конфликти, тврдејќи дека позитивниот тон е најдобар за внатрешната стабилност.

Додал и дека со истото барање морал да се обрати до шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР, амбасадорот Роберт Бери.

Непријатно изненадена од отворена молба, амбасадорката го информирала дека нема влијание врз независните извештаи на ОДИХР, и дека дури и кога би можела, не би упатила такви барања.

Додала и дека нејзините лични забелешки, како и оние на 26-те тимови за мониторинг на Амбасадата забележале сериозни проблеми во многу повеќе од 1 до 2% од избирачките места.“

Амбасадорката понатаму го советувала Министерот за надворешни работи да не сугерира дека нерегуларостите кои се лоцираат главно во етнички албанските области, не ја одразуваат сликата за Македонија како целина. Додала дека Македонија е една земја, а Владата,преку бегање од одговорноста за спроведување на законите и гаранцијата на еднакви права на целата територија, придонесува за идејата за сепаратизам.
Таа му рекла на министерот дека за изборите да не пропаднат потребно е прегласување не само во околу 60 избирачките места затворени поради насилство или други сериозни нерегуларности, но и во сите останати избирачки места за кои постојат веродостојни извештаи за нерегуларности.
Претставникот на Европсака унија подоцна не информираше дека  на 2 јуни дека Милошоски му се обратил со истото барање и дека тој бил подеднакво јасен во одбивањето да влијае на извештајот на ОДИХР.

Коментари: Јасно е дека е во режија на премиерот Никола Груевски.

Јавувањата на министерот Милошоски, и покрај победата, укажуваат на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е загрижена дека нивниот мандат може да биде ослабен како резултат на критики во однос на спроведување на изборите.
Прв пат дознаваме дека  Владата на Република Македонија  прави обид да влијае на извештајот на ОДИХР.

Ова е доказниот материјал:

vikiliks-antoniot-1

vikiliks-antonio-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Зошто ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски барале изменување на извештајот за исходот од изборите?

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s