За 6 месеци Силвана Бонева добила 12.000€ од ДИК само за патни трошоци

Државната изборна комисија за 6 месеци исплатила окулу 24.000 € за патни трошоци за нејзините членови. Половина од овие средства завршиле на сметката на Силвана Бонева. За првите 6 месеци од 2016 година, Бонева од ДИК добила 12.000 евра за патни трошоци, а сеуште не и се исплатени средствата за јули и август месец. Месечно, само за патни трошоци, Бонева добивала по 2.000 евра, покрај платата која ја зима и е во висиниа од над 1.000 евра. Бонева во изјава за Алсат – М телевизија вели дека исплатата е според законот.

„Се е исплатено според законот“ – изјавила Бонева.

Ова не е прв пат Силвана Бонева да биде на удар на јавноста за слична тема. Имено, како пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ДПМНЕ, Бонева за 1 година, за патни трошоци земала над 23.000 евра. Тоа беше критикувана дополнително откако се обзнанија имотните листови на фаилија Боневи според кои нејзините синови имаат 2 стана во строгиот центар на Скопје. Бонева тогаш тврдеше дека не знаела дека нејзините синови купиле станови во Скопје.

Во Антикорупциската комисија, Бонева, на нејзино име пријавила автомобил опел Астра, девизни заштеди од 7 илјади евра на нејзина книшка и 10 илјади евра на штедна книшка на сопругот, куќа од 82 квадрата во Струмица како имот на родителите и заштеда на име на своите деца од 375 евра.

Anketen-list-Silvana-Boneva-DKSK.jpg

Тоа е впишано во Анкетниот лист на Силвана Бонева. Еве што не стои во Анкетниот лист на екс пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е тоа што Силвана Бонева ГО КРИЕ од Антикорупциската комисија и од јавноста. Стан во центарот на Скопје со пазарна вредност од околу 180 илјади евра!Еве го Имотниот лист на синот на Силвана Бонева, Орце Бонев, достапен преку интернет.

imoten-list-Bonev.jpg

Становите на фамилија Боневи се наоѓаат во зградата во која станови купиле повеќе функционери од ДПМНЕ. Тоа е фамозната зграда на ул. Димче Мирчев бр. 20

 

Следен на листата е Атанас Урумов кој доаѓа од Гевгелија. Тој тврди дека овие средства за патни трошоци се уште од декември 2015 година и дека исплатата на патните трошоци им доцни и по 3 месеци.

„Доаѓам од најдалечната дестинација од сите членови во ДИК. Возам автомобил што троши бензин, па во однос на другите колеги кои возат дизел, сумата можеби е помала и од тоа што законски ми следува. Точно е дека во зимскиоте период земав стан под кирија во Скопје, каде останував кога седниците траеја доцна. Кога останував во Скопје, не поднесував барање за патни трошоци. Но, два-три пати во неделата си одев дома затоа што имам малолетни деца“-изјавил Урумов за Алсат – М телевизија.

Ова е редоследот на луѓе кои земале средства за патни трошоци од ДИК:

 

  1. Силвана Бонева(…) – 12.000 евра
  2. Атанас Урумов(Гевгелија) – 6.000 евра
  3. Бедредин Ибраими(Тетово) – 3.000 евра
  4. Субхи Јакупи(Гостивар) – 2.000 евра
  5. Реџеп Прекопуца – 500 евра
  6. Игор Милев – 370 евра
  7. Александар Чичаковски – 150 евра
  8. Виолета Дума – 0 евра
  9. Сашо Срцев – 0 евра

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s