Штрајк во текстилна фабрика во Македонска Каменица-работеле по 11h дневно за плата од 6.000 денари

Штрајк во текстилна фабрика во Македонска Каменица. Работници одбиле  да работат по 11 часа дневно за плата од 6.000 денари.  Два дена, производството во оваа фабрика беше стопирано, а околу 170 вработени, гласно се побунија против условите во кои работат.

„Платата е намалена, осигурани сме на еден месец, ка – 15 нд ни е дадено и работиме по 11 саата, за 6000 денари, а некој и за 3000 денари“- кажа вработена во фабриката.

Поддршка за штрајкот и логистика, текстилните работнички добија од Штипското здружение за заштита на правата на  работниците во текстилството и кожарството – Гласно.

„Целта на нашето здружение беше да ги советува и едуцира работниците и да им ги покаже точно законските постапки кои се и како се остваруваат“ изјави Горан Трајков, Здруж. „Гласно“.

Овој пример, според „Гласно“ се одраз на состојбите во најголемиот дел текстилни фабрики во регионот.

„Овој пример на овие работници во оваа фирма ја отсликува целата ситуација во текстилните фирми, каде работниците се соочуваат со прекувремена работа, се соочуваат со неисплатена минимална плата“ вели Горан Трајков, Здруж. „Гласно“.

Ова е втор случај за два месеца, вработени во текстилството да бараат помош од Гласно. Претходно, кај нив се обратија и 10-тина текстилни работнички од Крива Паланка, на кои им беше прекинат договорот поради бременост

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s