Претседателот на Советот на обвинители Петар Аневски, реизбран незаконски

На Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на тајно гласање, Петар Аневски повторно е избран за претседател на Советот.

Меѓутоа, согласно Член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2007 и 100/2011), мандатот на претседателот на Советот на Обвинители трае две години, без право на повторен (ре)избор.

Повторниот избор на Петар Аневски претставува сериозна повреда на начелото на законитост. Ваквата одлука ја доведува во прашање компетентноста, независноста и непристрасноста на членовите на Советот како и неговата основна функција да ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Особено одговорен за ваквото незаконско постапување е самиот  Аневски кој ја свикал и раководел со седницата за време на која и покрај тоа што не смеел се кандидирал за претседател, се вели во соопштението.

Ги повикуваме членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во согласност со Член 10 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители, да закажат итна седница на која ќе ја преиспитаат својата незаконска одлука.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s