Странските инвестиции на Груевски згаснуваат, „Вистеон електроникс“ пред затворање

Се делат откази во компанијата „Вистеон електроникс“, или некогашен „Џонсон Контролс“, а компанијата го редуцира производството.

Дел од медиумите веќе објавија дека се отпуштени две третини од вработените, а нашите извори тврдат дека до крајот на годинава компанијата ќе ги затвори погоните во слободната индустриска зона – Бунарџик.

„Да, точно е дека си заминуваат. Компанијата го намалува бројот на вработените, а производството полека се запира.“ – велат извори за телевизија 24 вести.

Всушност, „Вистеон електроникс“ тоа го најави минатата година, велат извори за телевизијата.

вис.PNG

Американската инвестиција која денес работи под името „Вистеон електоринкс“, лани најави дека до крајот на годинава(2016) ќе го затвори бизнисот во Македонија поради вишок капацитети во европското производство, но денеска од таму не сакаа да потврдат дали најавите се исполнуваат. 24 вести направи неколку обиди да стапи во контакт со официјални лица на компанијата преку службените телефони кои се јавно објавени, но безуспешно.

Причината за заминувањето на „Вистеон Електроникс“ или некогашен „Џонсон Контролс“ од слободната економска зона Бунарџик, според експертите, е парадоксална, а проблематичен е и тајмингот, бидејќи завршува и периодот за државните субвенции за компанијата. Од Вистеон Електроникс информираа дека поради вишокот капацитети во европското производство на компанијата донеле одлука до крајот на годината да ја стопираат работата, а истовремено дека се во преговори со потенцијален купувач кој би ја преземал сопственоста.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека за да се знае основната причина за заминувањето на компанијата треба да се видат финансиските извештаи и билансот на успех, меѓутоа е симптоматично тоа што периодот на заминување се совпаѓа со прекинот на субвенциите.

-„Многу црвен аларм е моментот што откако истекува правото на субвенции инвеститорите си одат. Тоа значи дека Македонија тие ја гледаат како Елдорадо каде што тие си го собираат кајмакот, но голем знак прашалник, еве да не тврдам дека е така, меѓутоа голем знак прашалник е што Македонија има фајде од тоа. Дека е вработувањето зголемено, тоа паѓа во вода, бидејќи видовме и како буквално умираат вработени во некои од капацитетите на тие странски директни инвестиции и како ги третираат вработените“, вели Витанов.

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s