Оливер Андонов бил одбиен од Воената Академија за професор заради нестручност

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, за кого лично премиерот Емил Димитриев го пофали дека бил стручњак во областа на безбедноста, со искуство и во АРМ и во МВР, бил одбиен од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, која е придружна членка при Универзитетот „Гоце Делчев“ за да биде професор.
Човекот за потсмев (меѓу фелата) Оливер Андонов пред да биде именуван за дополнителен заменик министер, неполни 24 часа беше министер за внатрешни работи. Во биографијата на интернет страната на МВР пишува дека Андонов е роден во Скопје во 1971 година, а живеел во Крива Паланка каде што завршил основно образование. Понатаму продолжува на средно Воено училиште во Сараево, нема конкретен податок каде дипломирал.
диплома.JPG
При неговото именување за министер на први септември,  Емил Димитриев го пофали дека е стручњак во областа на безбедноста, со искуство и во АРМ и во МВР. Според фото документацијата може да се забележи дека и „инстант“ министерот Оливер Андонов и премиерот Емил Димитриев се фатени во ТЕШКА лага.
-Професор на воената академија како и професор и на други високообразовни институции. Од неговата биографија може да се види дека целосната негова научна и професионална кариера е во сферата на одбраната и безбедноста. Моментално работи на воената академија. Сметам дека се работи за човек кој и покрај тоа што работел во МВР и со својот научен кредибилитет  и постигнувања во делот на безбедноста ќе даде максимум за што попрофесионално извршување на својата функција како министер за внатрешни работи, рече Димитриев.
Пред да биде избран за министер и заменик министер, Андонов беше еден од најгласните говорници во јавноста кои ги бранеа политиките на ДПМНЕ. Тој пишуваше против СДСМ, СОРОС, Зоран Заев, а застануваше зад секоја владина одлука. Тој беше еден од најжестоките поборници на аболицијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов на 56 политичари и нивни соработници.
лажна.jpg
Објавениот документ потврдува дека последното вработување на Оливер Андонов не е на Воената академија во Скопје, бидејќи рецензентската комисија при Воената академија констатирала дека Оливер Андонов во конкурсната документација немал доставено копии од објавените научни и стручни трудови, поради што комисијата го изземала од натамошно рангирање и евалуирање за научна област: Меѓународно хуманитарно право, Криминалистика, Цивилна одбрана и заштита (ЛИНК) на 1237-ма страна.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s