Реконструкцијата на Собранието започна со 10 мил.€, заврши со 20.6 мил.€

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски синоќа, по свечената академија по повод јубилејот 75 години од народното востание против фашизмот на 11 Октомври, 1941, ја пресече лентата и ги пушти во употреба новоизградените и надградените објекти во Собранието: Големата купола, Конгресната сала под неа, новата зграда во дворот на објектот.

sobranie-nova-sala.jpg

Овој масивен проект, чија доградба траеше 6 години и се изведуваше во мандатот на 3 парламентарни состави, кога почна беше планирано да чини 10,5 милиони евра, а заврши со потрошени 20,6 милиони евра.

Но ниту Вељаноски, ниту Собранието како инвеститор  вчера официјално не ја соопштија  конечната потрошена сума.

Според податоци од пред еден месец кои САКАМДАКАЖАМ.МК ги добиле од Собранието, за реконструкцијата беа потрошени 1.268.328.051 денари или 20 милиони и 600 илјади евра. Инвеститор е Собранието на РМ, изведувач на градбата е ДГ Бетон АД – РЕ Занатски погон Скопје.

sobranie-nova-sala-so-ekran.jpg

На 30 декември, 2009, по 3 претходни тендери, тендерската комисија како најдобра понуда за предвидените градежни работи за реконструкција, доградба, адаптација и надградба на зградата на Парламентот ја избра онаа на скопски „Бетон“. На тендерот учествуваа и „Гранит“, словенечки „Енергоплан“ и австриските „Алпине“ и „Штрабаг“. Идејата за куполи на Собранието ја даде во 2006 тогашниот претседател Љубиша Георгиевски. По бројни перипетии и лавина негативни реакции, следуваа два пропаднати тендери на кои два пати се јавија истите три фирми: македонските „Бетон“ и „Гранит“ и хрватски „Конструктор“. Во 2009 се планираше целиот зафат да чини околу 10,5 милиони евра. Градежните работи почна во 2010, а рокот за изведба беше две години.

sobranie-nova-sala-detal1.jpg

Во 2012, информациите беа дека првично со „Бетон“ било договорено градежните работи да чинат околу 12, 8 милиони евра, но од потпишувањето на основниот договор се потпишани неколку анекси поради појава на дополнителни работи при изградбата, со „Бетон“ и со други фирми ангажирани на доградбата на објектот. Со овие анекси првичниот договор веќе во 2012 бил натфрлен за два милиони евра.

Објектот конечно е завршен 4 години по предвидениот рок, и над 10 милиони евра поскапо од планираниот буџет.

Каде и за што конкретно се потошени двојно средства за оваа доградба???

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s