Груевски со вето-прво буџет за 2017 година, после тоа избори

Обвинетиот Никола Груевски, преку својата пратеничка група во Собранието, денес јавно постави вето за оддржување на договорените избори на 11 декември. Груевски и ДПМНЕ бараат итно донесување на буџетот на Република Македонија за 2017 година како услов тие да поддржат распуштање на Собранието со цел оддржување на избори на 11 декември.

„ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17 часот, да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и намирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19 часот. Доколку СДСМ е убеден дека ќе ја добие поддршката на наредните избори, не е спорно на првата седница по конституирањето на новиот собраниски состав да предложи и да изгласа ребаланс на буџетот“, стои во соопштението.

Никола Груевски како еден од потписниците на Пржинскиот договор, тогаш воопшто не споменуваше буџет за 2017 како услов за избори на 11 декември. Зошто сега Груевски условува? Дали Груевски сака да ги спречи изборите на 11 декември на кои ќе ја добие казната од народот?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s