Раскол во ДПМНЕ, Груевски во кавга со 6 претседатели на општински комитети

Викендот не поминал толку идилично за ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваа да го престават владините мегафони. Дознаваме дека -викендот на ВМРО- бил особено тензичен за претседателот на партијата Никола Груевски.

gruevski-i-janakieski1.jpg

Поради неизвесноста која владее кај кадрите на оваа партија дека ќе ги изгубат изборите од една страна, но и поради стравот дека можат да бидат на „списокот на СЈО“, во ВМРО-ДПМНЕ како ретко до сега се бара место повеќе во кандидатските листи, за да се обезбеди пратенички имунитет. Во трката за пратенички имунитет, преку сигурно место на пратеничките листи, се вклучиле и 6 претседатели на ограноци.

Тие вршеле притисок по секоја цена да се најдат на листите за кандидати, дури ставајќи му до знаење на Груевски дека можат да откажат лојалност на централата, ако не се остварат нивните барања.

Дознаваме дека поради оваа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски бил толку нервозен, и во врвот на расправијата му се обратил на еден од нив, со зборовите дека полојална му е ДУИ и Али Ахмети, отколку тој и неговиот огранок.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s