„Орка холдинг“, „Езимит“ и „ТИМ“ го купија „Бетон Штип“-најголемиот градител во „Скопје 2014“

Во три трансакции за неполни две недели новите сопственици купија 51,2 отсто од акциите и го презедоа „Бетон Штип“.

Управувачкиот пакет акции во штипската градежна компанија „Бетон“ е продаден за 45,8 милиони денари во три блок трансакции на Македонската берза. Акциите ги купија три компании, а најмногу односно 20,4 отсто купи друштвото за градежништво „ТИМ“ кое се поврзува со сопственикот на „Лозар Пелистерка“. Заедно со „ТИМ“ во преземањето на акционерскиот пакет учествуваат „Езимит“ – штипската винарска визба и „Орка Холдинг“. Штипската компанија купи 15,8 отсто од акциите, а „Орка холдинг“ 15 отсто од капиталот.

Акционери во Бетон Штип се четири компании – „Ексико“, „Орка Холдинг“, „Езимит“ и „ТИМ“. „Орка холдинг“ има 17 отсто од капиталот, а „Ексико“ 14,35 отсто.

Во „Бетон Штип“, неизвршни членови во управниот одбор меѓу другите се Тодор Мирчевски, Орце Камчев и кумот на министерот за транспорт и врски Дејан Панделески.

(линк-http://betonstip.com.mk/za-nas/)

beton-stip.jpg

Кој е Тодор Мирчевски?

тодое.PNG

Мирчевски е директор на оф-шор компанијата од Лугано – „Ексико“ која е директно поврзана со Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев/ Мирчевски со Камчев е поврзан преку три фирми – градежната Бетон-Штип во која се јавува како неизвршен член на Одбор на директори, друштвото за пекарски производи „Жито Полог“ АД Тетово каде исто така е неизвршен член на Одбор на директори заедно со сестрата на Орце, Кристина Камчева-Стојеска и во фирата ЗК „Пелагонија“ каде што Мирчевски е член на Одбор на директори заедно со Орце Камчев и Дејан Панделевски кој е сопственик на „Пелистерка“ и е кум на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

врски.PNG

НАПОМЕНА:Забрането превземање на веста, без наведување извор на информации!

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s