Орце Камчев преку „Бетон Штип“ од „Скопје 2014“ заработил 54.800.000€

Фирмата „Бетон – Штип“ е една од фирмите кои заработија најмногу од проектот „Скопје 2014“.

Ангажманот на штипски Бетон во изградбата на „Скопје 2014“, според вредноста на добиените тендери, изнесува 54,8 милиони евра. Бетон Штип учествуваше во изградбата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј за 9 милиони евра, го градеше Музејот на македонската борба за 6,3 милиони евра, но Бетон допрва ќе инкасира пари од државата, бидејќи сѐ уште ја гради фасадата на МЕПСО во барок, а лани склучи договори и за изградба на два нови факултети, ФИНКИ и Факултетот за физичка култура за 19,8 милиони евра.

Финансиските извештаи на компанијата од Централниот регистар, покажуваат дека во последните години, како што се зголемува ангажманот од страна на државата, така растат и приходите и добивките на Бетон Штип. Од 2009 година до септември лани, оваа компанија инкасирала вкупно 50 милиони евра од извршени градежни работи и направила профит од 3 милиони евра.

бето.PNG

Оваа градежна компанија е блиска до бизнисменот Јордан Камчев којшто преку Орка Холдинг АД и ЕКСИКО ДООЕЛ е акционер во Бетон Штип.

До 2012 година, најголеми акционери во Бетон – Штип беа Илија Бреслиски, поранешен генерален директор на компанијата со 20 отсто од акции и приватниот инвестициски фонд од Хрватска НФД Капитал Ауреус со 18,3 отсто од акциите.

Тие ги продадоа своите акции во 2012, кога оваа градежна фирма доби нови газди – Орка Холдинг, контроверзната фирма „Ексико“, Тим ДОО и Езимит Инвест ДООЕЛ Штип.

sopstvenici-Beton-Stip.jpg

Фирмата ТИМ ДОО е во сопственост на Дејан Панделески, кумашин на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, а сопственик на Езимит ДООЕЛ е извесен Зоранчо Митровски.

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s