За Музејот на ВМРО се купувал мебел и техника тројно поскапо од реалноста

Министерството за култура за Музејот на ВМРО нарачувало аспиратори, фрижидери, машини за садови, монитори, ВЦ-школки и аудио опрема за цени неколкукоратно повисоки од малопродажните. ВЦ-школките во музејот чинат 9.000 денари, фрижидерот 100.300 денари, LED мониторите 46 илјади денари, а едно столче 40.000 денари.

Фрижидери, комоди, машини за перење садови, монитори и мебел со цени повеќекратно повисоки од оние што ги има во продавниците, нарачувало Министерството за култура за потребите на Музејот на македонската борба, еден од најскапите објекти од проектот „Скопје 2014“.

Според документите објавени во неколку броеви на „Службен весник“ од 2013 и 2014 година, Министерството за култура носело одлуки за „престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Музејот на македонската борба и самостојност, Музејот на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим“.

odluka1.jpg

Станува збор за најразлични движни работи, почнувајќи од лустери, до рачно изработени килими со иранска рачна изработка, машини за садови, фрижидери, аспиратори, канти за отпадоци, гарнитури, маси, столови, ВЦ-школки, монитори, компјутери итн. Сето ова го нарачувало Министерството за култура, а потоа се носеле одлуките за давање на трајно користење на Музејот на ВМРО.

нававка.PNG

музеј.PNG

музеј2.PNG

барок.PNG

Аспиратор за 500 евра, фрижидер за 1.500 евра

Во неколку продавници за бела техника и за канцелариски материјали, нема цени како оние што се напишани во одлуките на Министерството за култура.

Па така, Министерството на Музејот му дало на користење два фрижидера со димензии 60/65/190, „со стаклена предна врата“, кои биле купени за 200.600 денари, односно 100.300 денари еден.

Освен овој, Министерството купило уште еден фрижидер со димензии 60/185/60 сантиметри за цена од над 83 илјади денари или околу 1.300 евра.

masina+ aspirator 2.jpg

Останатите фрижидери со речиси истите димензии, капацитет и потрошувачка, се движат од 12 илјади до 30 илјади денари, односно 3 пати поевтини од оние што ги нарачувало Министерството.

frizider2.jpg

Во една од одлуките стои дека Министерството за потребите на Музејот набавило аспиратор со „двострук мотор“ со димензии 60/30/20 сантиметри за околу 32 илјади денари, односно околу 500 евра.

Најскапиот аспиратор со овие димензии во малопродажба чини околу 8 илјади денари (130 евра).

Машината за миење чаши што ја купило Министерството за Музејот чинела aspirator2-2.jpg142.
781 денари. Станува збор за машина за садови за 12 комплети. Ваквите машини, според она што го видовме на самото место во продавниците, чинат од 12 илјади, па нагоре. Едни од поскапите машини за 12 комплети што ги видовме, чинеа 32.000 денари.

Автоматот за филтер кафе во Музејот на ВМРО чинел 11.800 денари, иако малопродажните цени за овие производи во просек се движат околу 2.500 до 4.000 денари.

За потребите на Музејот, набавени биле и три ВЦ-школки, секоја по цена од над 9 илјади денари.

Исти монитори, ама различна цена

Високите цени за бела техника и кујнски апарати, сепак не се единствените екстреми. Многу пари се потрошени на екрани со различна големина, слушалки, звучници и друга техничка опрема и повторно има големи разлики меѓу прикажаната вредност во документите и цените во продавниците.

Дури во самите документи можат да се најдат две набавени работи кои се опишани на сосема ист начин, а имаат различна вредност.

Па така, за Музејот се купени два LED монитори со дијагонала од 80 инчи, т.е. 203 сантиметри. Карактеристиките и на двата се опишани идентично , но за едниот е прикажано дека вреди над 774 илјади денари (12.600 евра), а другиот е 15 отсто поевтин и чини околу 667 илјади денари (10.850 евра).

led monitor 80.jpg

Независно од разликите во вредноста во документите, не можевме да најдеме толку скапи, но и толку големи монитори по продавниците. Најблиското што го забележавме е LED телевизор со дијагонала од 75 инчи, односно 190 сантиметри. Неговата цена е околу 185 илјади денари (3.000 евра) и тоа за телевизор од врвен производител.

Споредувавме три производи. LCD монитор од 19 инчи за Музејот на ВМРО чинел 22.300 денари, а таков производи за спомен Куќата на Мајка Тереза е платен 11.025 денари. И едната и другата прикажана вредност се и по неколкупати поскапи од она што се нудело на пазарот во изминативе пет години. Во 2012 година, LCD мониторите од овој тип и од еминентни производители чинеле во просек околу 6.000 денари, а во 2010 година за нив требало да се избројат околу 8.000 денари.

monitori 2012.jpg

 

Исто е и со другите димензии на монитори. Така, 24-инчен LED монитор за Музејот е платен 46.197 денари за едно парче, а тој производ во 2012 година чинел во просек околу 10.000 денари. За 2010 година не најдовме LED монитори што се нуделе на пазарот, а само за споредба, LCD мониторите со таа големина чинеле до 18.000 денари.

monitori 2010.jpg

Ќе ги спомнеме и LCD дисплеите од 32 инчи за кои се потрошени вкупно 25.000 евра или по околу 1.200 евра од парче. Таков телевизор или монитор во 2012 просечно чинел околу 20.000 денари, додека во 2010 цената варира од 26.000 до 33.000 денари. Или со други зборови, поскапите модели од 2010-тата се по два и пол пати поевтини од она што е купувано за Музејот.

40.000 денари за еден стол

Високи цени можат да се забележат и кај дел од мебелот. На пример, типските столови во барок стил кои патем се тапацирани со луксузен мебел штоф, чинат од 31.000 до речиси 40.000 денари од парче, зависно до тоа дали имаат или немаат потпирка за раце. Вкупно, за 94 вакви столови се потрошени безмалку 50.000 евра, односно 3 милиони денари од буџетот.

tipski stolici-2.jpg

Понатаму, пулт масата за билетарницата со димензии 190/70/114 од медијапан во комбинација со иверка, метални ногарки, оков и лајсни од алуминиум чинела над 192 илјади денари или околу 3 илјади евра. Пултот за наплата, пак, чинел над 82 илјади денари.

Шанкот од медијапан во комбинација со иверка и обложен со еко кожа со димензии 359/70/113 бил платен околу 350 илјади денари или над 5.700 евра. Но, иако овие парчиња мебел звучат скапо, тешко е да се каже дали се преплатени или пак, Владата едноставно купувала луксузен мебел.

galerija-1a_800На пример, столови од по 30.000 илјади денари и повеќе можат да се најдат и во салоните низ Скопје, но најчесто само кај увозниците на ексклузивен италијански мебел. Документите, сепак, не откриваат дали и од каде е купуван мебелот, но и дали евентуално е изработуван по мерка во Македонија.

Најголемиот број набавки за ентериерно уредување на Музејот на македонската борба, според веб-страницата на Бирото за јавни набавки ги има добиено фирмата „Десигн Фантаси“.

Во распишаните тендери за мебел и ентериер, сценографски елементи и ентериерна обработка за потребите на музејот, секогаш како главен критериум е напишана најниската понудена цена, а потоа следува квалитетот. Нејасно останува дали дел од овие „ситни“ набавки спаѓаат во тендерите што ги добила компанијата „ Десигн Фантаси“ или пак, станува збор за сосема други, кои спаѓаат во набавки под 5.000 евра.

Инаку, фирмата „Десигн Фантаси“ има добиено 3 тендери и уште два анекса за дополнителни и непредвидени работи. Сите се однесуваат на мебел, ентериер, сценографски елементи и ентериерна обработка за потребите на Музејот на македонската борба, со вкупна вредност од над 4 милиони евра. Набавката и монтажата на видео и аудио опрема за потребите на Музејот на македонската борба ја има вршено фирмата „Коди“ ДОО, а тендерот тежи над 125 илјади евра.

Музејот на ВМРО како што колоквијално се нарекува, се градеше од 2008 до 2011 година, а официјално беше отворен на 8 септември по повод 20-годишнината од независноста на Македонија. Станува збор за објект кој е еден од поскапите во проектот „Скопје 2014“ за кој, според евидентираните документи од јавни набавки се потрошени 16,4 милиони евра.

НАПОМЕНА: ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗИМАЊЕ НА ТЕКСТ БЕЗ НАВЕДУВАЊЕ НА ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s