Холандскиот инвеститор кој според Груевски ќе вработи 130 лица – фирма со 1 вработен!

Деновиве Никола Груевски најави нова Холандска инвестиција „Инофрут“, која во Македонија треба да изгради откупно-дистрибутивен центар во Дојран и Богданци и која според најавите треба да инвестира 10 милиони евра и да вработи 130 луѓе. Причината на ова истражување е поттикнато од досегашното искуство со странските инвестиции во агрокомплексот како 20 000 крави на Субрата Рој или Шведската млекарница и неколку најави за инвестиции во откупно -дистрибутивни центри кои се покажаа само како предизборни лажни ветувања бидејќи и по 5 години ништо нема изградено. Но кој навистина ќе инвестира во Македонија.

никола.png

На 14ти октромври 2016 година, за прв пат излезе официјална вест на сајтот на ДПМНЕ со кој се најавува нова странска инвестиција која ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи 130 луѓе. Која е фирмата „Иннофруит БВ“?

Се работи за фирма со само 1 вработен и тоа директорката што даваше изјава на прес конференцијата.

Инофрут е Холандска фирма основана во Ноември 2014 година.

Моментално има само 1 вработен!

опне.PNG

 

Герард Мертз е еден од сопствениците на фирмата. Тој има сопствена фирма од 2008 година, во Јужен Либург, Холандија. Фирмата работи на површина од 6 хектари и произведува мини киви, малини и друго ситно овошје.

(https://www.opencompanies.nl/voeding-innofruit-bv-barendrecht-61899151)

Герард, заедно со својата сопруга продаваат по локални продавници, а и не ретко со тезга (на пазар), за крајни купувачи.

Гастон Курфс е вториот сопственик на Инофрут. Се презентира себеси како консултант во прехранбената индустрија за развој на производи и презентација на продукти.

Тој е всушност кувар, поранешен сопственик и кувар во ресторант Капун. По продавањето на Капун, отвара нова фирма/ресторан во 2007 година, а во 2015 година ја преименува фирмата во Гастон Курфс, ‘фирма’ која готви, презентира и продава јадења во тврговијата на мало.

Директор на фирмата од Ноември 2014 е Стефани Тимерс-Меинтел (девојката која се појави како претставник на фирмата). Таа е всушност е и единствениот регистриран вработен во фирмата. Инофрут е регистрирана и лоцирана на истата улица со Олипмик, фирмата кадешто Стефани Тимерс-Меинтел работела, пред да се вработи во Инофрут.

Регистрирана во Стопанската Комора на Холандија, со фирмата не се препорачува да се прават зделки поголеми од 2000 евра.

Ризикот дека оваа фирма нема да ги исплати обврските кон добавувачите е голем (според финансискиот извештај на реноминирана финансиска фирма за совети и контролирање на ризици при водење на бизнис со мали и средни претпријатија).

Зошто Груевски манипулира и лаже со јавноста?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s