„СТС Текстајл“-странска инвестиција на Груевски која никогаш не започна со работа

Се наоѓаме во Демир Хисар пред поранешната фабрика ,,Застава“.

zastava1.PNG

Пред само седум месеци Никола Груевски и неговиот дил-ориентед министер Владимир Пешевски лажеа дека токму овде, во оваа фабрика ќе влезе странската инвестиција на компанијата ,,СТС Текстајл“.

Еве го ветувањето. 29ти февруари 2016 година.

стс.PNG

Овде требаше да работат над 150 граѓани од Демир Хисар. Се најавуваше и забрзан економски раст на овој крај.

Еве го и ветувањето на Груевски и Пешевски.

Но, граѓаните на Демир Хисар беа излажани дека реализацијата на договореното е во тек. Вака денес изгледа нивната наводна инвестиција од 4 милиони евра.

zastava

Како што можете да видите, инвеститор нема.  Фабриката ,,Застава“ е празна, а и ветените стотици и илјадници работни места ги нема.

Лажеш Никола!

 За да биде истата лагата поголема, истата оваа странска инвестиција и илјада работни места сега ја ветуваш на граѓаните на Велес.

Тажната вистина е дека илјадници граѓани на Македонија се изиграни од Никола Груевски за нови вработувања.

Исто како и во Демир Хисар се лажеше и во Ранковце и во Крива Паланка. Таму досега требаше да бидат вработени околу 6.000 луѓе во Веибо !?

Се излажа и во Свети Николе. Зар треба да потсетуваме на Субрата Рој и на неговите 20.000 крави. Таму се излажа и за фабрика за печурки.

Токму заради ваквите лаги 630.000 граѓани ја напуштија земјата во потрага по достоинствена работа и достоинствен живот.

Од оние коишто останаа да живеат во Македонија половина милион живеат во глад и сиромаштија.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s