Од 2010 до денес, Груевски 8 пати ветил изградба на клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Екс премиерот, а сега обвинет криминалец Никола Груевски, пред секои избори дава ветувања. Едно од многуте негови (лажни)ветувања е и изградбата на нов клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. За прв пат вакво ветување Груевски дава во изборната програма на ДПМНЕ за изборите во 2011 година. Ова ветување се наоѓа на стр.234 и гласи:

„Подготовка за избор на нов Клинички центар во Бардовци“, во кој, до 2021 би биле преместени повеќето клиники од сегашниот „Мајка Тереза“.

инвес.PNG

Но тука не запираат ветувањата. Наредната година, на 17ти февруари 2012 година, Груевски повторно ветува изградба на нов клинички центар.

инве.PNG

Никола Груевски за прв пат ја најавува идејата за изградба на нов клинички центар на местото на постојниот, не отфрлајќи ја во исто време идејата за изградба на уште еден во Бардовци. При оваа најава, цената на инвестицијата беше 50 милиони евра. Од тогаш молк, сè до почетокот на 2013 година, кога најавата се реактуелизира, сега во понапредна фаза, со избрана форма од Италија, која треба да го подготви идејниот и главниот проект, а потоа во август истата година беше претставен и идејниот проект. Сега, инвестицијата е проценета на 70 милиони долари а почетокот е најавен за 2014 година.

република.PNG

На почетокот на 2014 година, Груевски присуствувал на промоција на почетокот на изградбата – рушењето на старт зграда на Гинекологија, по што беше ископана огромна дупка за темелите на новата зграда.

теле.PNG

Цела 2015 година се „истроши“ во фаза на тендери за фирма за рушење на зградата и за изготвување на друга документација, а работите откако беа означени за започнати (2014 г.), доцнеа цели 20 месеци.

билд.PNG

Таа 2015 година заврши со втор тендер на Министерството за здравство (МЗ) за изготвување проектна документација за рушење на објектите, а не се мрдна ниту со изградбата на предвидените катни гаражи што треба да го опслужуваат новиот објект. Цената на објектот, во јавноста, сè уште е некаде на висината од 70 милиони евра.

објава.PNG

Објектот, патем, требало да се гради со сопствено учество на РМ и со кредит, но надлежното министерство одбиваше на почетокот на 2015 да сопшти детали за кредитот. Но, во средината на 2015, весникот „Вест“ дојде до тие детали и според истите, инвестицијата сега пораснала од 70, на околу 130 милиони евра!

вест.PNG

Запрашани за споредба на претходните изјави на министерот, од МЗ за весникот изјавиле:

Изјавата на министерот во врска со проектираната вредност од над 70 милиони евра се однесува на самата градба на новиот објект на комплексот клиники, како и нов објект за лабораторија, кој ќе се спои со новиот блок на комплексот клиники. Останатиот дел од средствата се предвидени за медицинска опрема, немедицинска опрема и мебел, реновирање на постојните објекти во кругот на комплексот клиники, инфраструктура, надзор, како и цената на проектот за новиот објект на комплексот клиники и зградата на лабораторијата, како и останатите објекти вклучени во новиот кампус.

Денес сме 2016 година, градежни активности нема, а според програмата новата зграда треба да биде завршена до 2018 година, иако ветувањето на министерот во 2013 беше дека со тоа ќе се заврши во 2017 година.

а1.PNG

Според последната информација во јавноста, се уште се распишуваат тендери за заокружување на проектната документација или се чека изготвување на проектот за дел од целиот комплекс. Имајќи предвид дека комплексна зграда со над 60.000 квадратни метри треба да се гради само во фаза на „карабина“ неколку години (од разговор со инженери-експерти), а притоа инсталирањето на сложената опрема да трае најмалку една, сосема е јасно дека станува збор за неисполнето ветување, иако формално, со ископаната дупка од 2014 може да се каже дека работите „сè во тек“.

рсч.PNG

Поминаа 5 години. Новиот клинички центар „Мајка Тереза“ сеуште не почнал да се гради. Груевски без срам денес, пред изборите закажани на 11 декември повторно ветува изградба на клиничкиот центар. До кога ќе лажеш Никола?

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s