Сопругот на Гордана Јанкулоска стана државен функционер

Влатко Илиевски, сопругот на екс министерката, а сега обвинета Гордана Јанкулоска, и официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет. Одлуката на Владата, со потпис на вицепремиерот Никола Тодоров, денеска е објавена во „Службен весник“.

Илиевски пред два месеца, на 18 август, беше избран за в.д. претседател на оваа институција, а сега и официјално застана на чело на Инспекцискиот совет.

vlatko.png

Сопругот на Јанкулоска претходно беше советник во кабинетот на тогашниот премиер обвинетиот Никола Груевски, а во 2013 година стана и независен член на одборот на директори на Македонската Берза.

И додека Илиевски напредува во кариерата, неговата сопруга Јанкулоска, се соочува со неколку истраги во кои таа е осомничена за тешки кривични дела кои ги води Специјалното јавно обвинителство. Јанкулоска откако си даде оставка од МВР не е вработена во некоја државна иснтитуција.

Какви одлуки ќе носи Илиевски?

Инспекцискиот совет е составен од претседател и шест члена кои функцијата ја извршуваат професионално. Сите седуммина ги избира Владата на јавен конкурс.

Советот е надлежен за 28 инспекциски служби (нема надлежност врз инспекциските служби и инспекторите во единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, Управа за јавни приходи, Министерство за внатрешни работи), од кои 14 се организирани како инспекторати и 14 како организациони единици во други органи на државната управа.

Целта на овој совет е унапредување на капацитетот на инспекциските служби за заштита на владеењето на правото, заштита на правата на граѓаните,заштита на животот и здравјето на луѓето, заштита на конкурентноста на пазарот и заштита на фискалните интереси на државата.

Пред Илиевски на челната позиција на Инспекцискиот совет беше Ванчо Каргов кој таму дојде од директорската фотелја во Царината.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s