Груевски вети, но не оствари дека пред судот ќе одговори на сите прашања за „Пуч“

„Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка, која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот“.

Ова на 31 јануари 2015 година, го изјави тогашниот премиер и актуелен лидер на ДПМНЕ, обвинетиот Никола Груевски, истиот ден кога Министерството за внатрешни работи го објави случајот „Пуч“ и поднесе кривична пријава против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за незаконско прислушување и за насилство врз претставници на највисоките државни органи.

Еве што кажа тогаш Груевски:

Оттогаш досега Груевски ниту еднаш не се појави во судница за случајот „Пуч“, иако специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, откако го презеде случајот во декември минатата година постојано бара на рочиштата да присуствува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како единствен сведок, но судот, и покрај нејзиното инсистирање, нему не му испраќа покана.

janeva.PNG

„Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот и да ги гледате доказите, да ги препознаете шпекулациите. Од денес ќе слушате секакви шпекулации, но вистината за сè ќе излезе на виделина“, изјава тогаш Груевски. Оваа негова изјава е единствената трага од неговото обраќање до јавноста на 31 јануари 2015 година, која може да се најде на интернет-страницата на Владата.

grujo1.PNG

Дека за „Пуч“ ќе има јавна и транспаретна судска постапка, во која ќе се дознае вистината за незаконското прислушување, Груевски повтори и во своето второ обраќање, на 25 февруари лани, неколку недели откако лидерот на СДСМ почна да ги објавува „бомбите“ во јавноста.

vlada1.PNG

Еве што тогаш кажа Груевски:

„… Во контекст на ова, сакам да потенцирам дека за овој случај никој не треба да брза со какви било одлуки и заклучоци. Во постапката, која, како што кажав и претходно, треба да биде транспарентна, ќе се покаже сè. Никој не треба однапред да биде суден, без да се знаат деталите и околностите за овие креирани материјали и без да се утврди вистината низ судска постапка… Се поставуваа прашања од типот дали се вистина разговорите на високите функционери од Владата чии разговори ги објавува Заев… Дали се веродостојни или не, ќе потврди судската постапка, низ законска процедура, предвидена во законите за вакво нешто. Јас нема да навлегувам во веродостојноста на материјалите кои се прибавени, искреирани и се објавуваат на незаконски начин и кои се дел од постапката…“, рече Груевски.

Судењето за случајот, кое требаше да се одржи вчера, беше повторно одложено, овојпат на неопределно време, а причина беа безбедносните сертификати што допрва треба да им бидат издадени на двете нови судијки поротнички во судечкиот совет.

јок2.PNG

На ова жестоко реагираше специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „На што личи ова. Не може да го одложувате судењето на неопределено време. Како не Ви е срам, цела година го одлагате предметот и ја манипулирате јавноста“, неколкупати на висок тон ѝ се обрати Јанева на судијката Љубинка Башеска.

Реагираше и адвокатот на дел од обвинетите, Филип Медарски, кој бараше од судијката да каже дали го повикала единствениот сведок во случајот, Никола Груевски, но не доби одговор.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s