ЗЛОСТОРНИЧКА ШЕМА: За негативна кампања кон Заев, медиуми и аналитичари искеширале 28.300.000€ од Владата на Груевски

Скандал од невидени размери ги тресе македонските медиуми и провладини аналитичари. Според официјалните статистики, 13 милиони евра од Владата на РМ завршиле само на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ. За овие средства, била развиена злосторничка шема од повеќе други портали и телевизии преку кои се слевале парите.

Ова е официјален документ за трансферите на пари што ги правела Владата кон трите национални телевизии под нивна контрола, во последните три години – 2013, 2014 и 2015 година.

Screen-Shot-2016-02-01-at-14.15.58.png

  • Сител на Горан Иванов Ѕинго добила 5.282.127 милиони евра!
  • Во Канал 5 на Емил Стојменов влегле 3.974.127 милиони евра!
  • Во Алфа ТВ, Владата на Груевски внела 4.144.277 милиони евра!

Или за само 3 години, овие 3 провладини медиуми инкасирале 13.400.531 евра народни пари.

ТРАНСФЕР НА ПАРИТЕ

  1. СИТЕЛ ТВ. Датум 01 март 2013. Корисник на буџетски средства: Влада на Р.М. Примач: Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје. Уплатени 7 милиони и 11 илјади денари!
    Цел на дознака: реализација на кампања.
    Каква кампања исплаќа Владата? На 1 март? 23 дена пред локални избори?

целнадознака1.png

Повторно, 01 март 2013. Корисник на буџетски пари: Влада на Р.М. Примач: Телевизија Сител. Исплатени 5 милиони 842 илјади 499 денари!
Цел на дознака: реализација на кампања.
Каква кампања исплаќа Владата? На 1 март? 23 дена пред локални избори?

средства.png

И повторно 01 март 2013 година. Владата на РМ на Сител и пушта уште 1 милион и 230 илјади денари.
ТОА Е ВКУПНА СУМА ОД 22 МИЛИОНА ДЕНАРИ! За 1 ден. 23 дена пред локални избори!средства2.png

Но тука не завршува скандалозното финансирање на Сител ТВ од страна на Владата. Имено, на 27-ми јуни 2013 година, преку 5 поединечни трансакции Сител добива нови 85 илјади евра од Владата. 85 илјади евра за 1 ден!

27јуни.jpg

28 јн.jpg

28.jpg

јуни.jpg

2.687.471 евра на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа – 2 дена по инцидентот во „Диво Насеље“. Зошто?

На 9ти мај, во кумановската населба „Диво Насеље“ беа убиени 8 полицајци/припадници на МВР. Но вистината за овој настан сеуште не излезе на површина. Но погледнете што се случува 2 дена после овие настани. Според официјалните податоци:

  • На сметката на телевизија Сител на 11 мај 2015, власта на Груевски, префрлила 931.518€ 
  • На сметката на телевизија Алфа, на 11 мај 2015, власта на Груевски префрлила 931.618€ 
  • На сметката на телевизија Канал5, на 11 мај 2015, власта на Груевски префрлила 824.335€

Или, власта на Никола Груевски на 11 мај 2015 г. на сметките на Сител, Алфа и Канал 5 ТВ префрлила 2.687.471 евра! 2 дена после убиството на 8 полицијаци во „Диво Насеље“. Зошто?

кам

2 дена по инцидентот во Куманово(9ти мај), 2.687.471 евра за Сител, Канал 5 и Алфа! Зошто?

инд

„Радио Слободна Македонија“ со 1 вработен има добивка од 22 милиони денари. Како?

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Македонија“ во 2012 остварила приход од 2.000 евра.

Но, во 2013 година заработката на провладината “Радио Слободна Македонија” рипнала на 242.000 евра. Тоа е годишно зголемување на приходите од 240.000 евра!
Како што покажува документот во прилог овие 242.000 евра ги обезбедил само 1 вработен во „Радио слободна Македонија“. Како му успеало?

радио слободна македонија.jpg

Во 2014 година пак, „Радио Слободна Македонија“ ја завршиле годината со заработка од 22.744.343 денари.

радио.jpg

 

Во етерот на „Радио Слободна Македонија“секојдневно се пуштаат изјави од неколку провладините аналитичари како Миленко Неделковски, Александар Пандов, Тони Науновски, Александар Даштевски, Мирка Велиновска, Владимир Божиновски, Татјана Каракамишева, Виолета Ачкова, Тони Михајловски и др. кои редовно ја напаѓаат опозицијатаи граѓанските здруженија.

Порталот „Курир“ во сопственост на братот на министерот Владо Мисајловски. Ова ли е независното новинарство?

Пари од Владата на РМ добил и провладиниот портал „Курир“ кој е во сопственост на фирмата ЕМ МЕДИА ДООЕЛ Скопје која пак е во сопственост на Ацо Мисајловски, братот на сегашниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. 1.3 милиони евра од Владата за „Курир“!

курир.jpg

На адресата на „Курир“ развиена мрежа преку која провладини портали добивале милиони евра од Владата на Груевски.

Адресата на порталот „Курир“ и личноста што е наведена како маркетинг-контакт на оваа компанија нѐ доведоа и до други интернет-портали, претежно формирани во последните година или две, кои не само што делат слична уредувачка политика со „Курир“, туку често делат и исти содржини.
Трагањето по сопствениците на некои од порталите кои немаат никакви информации за фирмите или, пак, уредниците што стојат зад нив почна од извесно лице Дејан Донев. Неговотo име и телефонски број се оставени како маркетинг-контакт на порталот Курир, но и на порталите Лидер и Денешен.
Лидер“, „Економски“, „Вистина“ и „Денешен“ немаат податоци за главниот уредник на весникот и фирмата-издавач на самиот сајт.

курир1.png

Но, адресата на „Ем медиа“ или седиштето на порталот „Курир“ обединува и други бизниси. На истата адреса се води и интернет-телевизијата „Македонија 24“ чиј регистрант на МАРНЕТ е фирмата во сопственост на Дејан Донев.

„Македонија24“ има заедничко седиште со „Курир“,а Порталот „Курир“, освен текстуалните и фотосодржини, редовно емитува и видео содржини, кои, пак, се подготвени, односно преземени од интернет-телевизијата „Македонија 24“, со која го делат истото седиште. Интернет-телевизијата „Македонија 24“ редовно ги пренесува сите настани на ДПМНЕ.

Но, од друга страна, на Бирото за јавни набавки може да се забележи дека „Курир“, односно „Ем медиа“ неколкупати земала тендери од владата и некои општини и институции за „набавка на обработени видео вести“. Нејасно е за каква набавка станува збор, со оглед на тоа дека единствените видеосодржини на „Курир“ се од порталот „Македонија 24“, а од друга страна, содржините на „Курир“ се јавни.

Донев е маркетинг-контакт на „Курир“, „Лидер“ и „Денешен“. Но, “ИИА ДД“ впишана е како компанија одговорна за печатењето на годишната програма на Министерството за култура, компанијата добила тендери од градот Скопје и од Владата на РМ, чија веб-страница ја изработила.

кури2.png

Владата на Груевски-главен извор на приходи на порталот „Република“

Според официјалните документи на Централен регистар неделникот ‘Република’, восопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1милиони евра за период од три години.

прва

прва2

прва3

прва4

прва5

прва6

За нападите кон Заев и Пендаровски пред изборите во 2014, Сител, Канал 5 и Алфа инкасирале 1.6 милиони евра за 2 дена.

Тоа не е се. Трите национални телевизии Канал 5, Сител и Алфа ТВ на 17.03.2014 година, на месец дена пред локалните избори од Владата на Груевски добиле неверојатни 68.573.607 денари, а ден потоа, на 18.03.2014 добиле 61.253.387 денари. За 2 дена Груевски испумпал неверојатни 1.628.499 милиони евра. За што?

isplati_vlada_mediumi_na_17-03-2014.jpg

Во овој период, како и пред сите избори, 3 национални медиуми акцент ставаат на национална карта. Од вкупно 325 прилози на 3 национални медиуми поврзани со кампањата, дури 170 прилози били наменети за оцрнување на Заев и обвинувања дека тој спрема двојазичност на Македонија.

isplati_vlada_mediumi_na_18-03-2014.jpg

185 хектари за 150 кози на братот на Миленко Неделковски

Фирмата „Натурал фуд“, сопственост на Митко Јовановски и Ратко Неделковски, братот на Миленко Неделковски добиле 185 хектари пасишта, рече на средбата со новинарите Марјанчо Николов и појасни 185 хектари се колку 185 фудбалски игралишта.

И уште добиле 10.000 евра субвенции од државата.

делее.jpg

Александар Даштевски и Тони Науновски вработени во Комисијата за спречување на дискриминација. Од активисти на ГДОМ, критичари на Заев до државна работа.

Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананаиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу се имињата за кои владејачкото мнозинство даде поддршка да членуваат во Комисијата за заштита од дискриминација.

naunovski-dashtevski.jpg

Науновски и Даштевски покрај тоа што се членови на ГДОМ(здружение кое никој не знае како се финансира) се аналитичари кои во последниве години се често присутни во јавноста, а нивните ставови за политичките и општествени состојби во земјава кореспондираат со оние на владејачката партија ДПМНЕ. Тие во јавноста вршат секојдневно критикување на политиките на Зоран Заев и СДСМ. Затоа ли добија награда? Александар Спасеновски пак е член на ДПМНЕ и поранешен пратеник.Тоа значи дека и оваа државна институција е окупирана од слепи послушници на криминалецот и обвинетиот Никола Груевски.

По критиките кон Заев, Виолета Ачковска(член на ГДОМ) вработена во институтот за национална историја со плата од 1.500 евра

Избран е нов состав на Институтот за национална историја, а како претставник во Советот е именувана професорката Виолета Ачковска, член на ГДОМ. Таа во последните две години во повеќе наврати се истакна како поддржувач на политиките на  ДПМНЕ, отворено зборуваше против западните амбасади во земјава, а беше предмет и на многу скандали поврзани со вработувања на членови на нејзиното семејство во државните и јавни служби кои многумина ги толкуваа како своевидна „благодарница“ за поддршката на власта.

atskovska.jpg

Сопруг на Виолета е Ристо Ачковски кој  е претседател на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ. Синот на Ристо Ачковски, Кирил Ачковски е член на Управен Одбор на АД МЕПСО и директор на Подружница Оператор на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ) – АД МЕПСО. Снаата на Ристо Ачковски, сопруга на Кирил, Елена Ачковска е главен инженер за планирање во МЕПСО! Фамилија Ачковски има меечни примања од 15.000 евра. Јасно е зошто тие ја бранат политиката на Груевски.

Уште колку народни пари потрошила Владата на РМ за купување на медиумите и аналитичарите кои на ТВ се претставуваат како независни? Затоа ли провладините медиуми ја напаѓаат опозицијата дека се платеници на странски фондации, иако за тоа немаат ниту еден доказ?  Затоа од овие медиуми и аналитичари може да слушнете се, само вистината НЕ!

НАПОМЕНА: Забрането превзимање на веста, без наведување на извор и линк од информацијата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s