СЈО: 10 лица во УБК прислушкувале 20.017 броеви

Освен оние лица кои биле таргет на прислушување (најмалку 4286 броеви), незаконски се следени и сите други лица кои разговарале со овие лица, односно 20.017 различни телефонски броеви – изјави Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска при одговор на новинарско прашање.

lentse-taret-n.jpg

Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека во новиот случај „Таргет“ осомничени се 10 лица вработени во УБК од сите структури за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба при што биле загрозени основните човекови права.

-Осомничените лица на штета на држвата преку злоупотрба на системите за следење ги загрозиле оснонвните човекови права. Преку системите за следење незаконски била снимена комнукацијата на најмалку 4.276 броеви без судски наредби за следење. 1.541 броеви биле следени откако завршила судската наредба или пред да почне. Значи, најмалку 5.827 броеви биле незаконски прислушувани. Незаконски се следени и сите други лица кои разговарале со овие лица, со што се стигнува до бројка од 20.017 прислушувани броеви. Предмет на истражување беше работењето на системите од 2008-2015 година. Биле упоребени три различни системи, а доказниот материјал упатува дека тројца вработени спротивно на законот давале налози за внесеување и сами внесувале брови за прислушување за кои немало судска наредба, објасни Фетаи.

Според доказите, првоосомничениот кој бил на раководна позиција во УБК, пристапувал кон слушање на броевите кои биле и на негови блиски соработници, како и на новинари, политичари и бизнисмени.

Обвинителката Ленче Ристовска соопшти дека се уште чекаат одговор од уште еден телефонски оператор за да дадат конечна информација во врска со ова прашање.

Таа истакна дека Гордан Јанкулоска била прислушувана незаконски најмалку 732 дена, Миле Јанакисеки на едниот телефон 732 дена, на вториот 553 дена и на третиот најмалку 816 дена.

Али Ахмети бил прислушуван најмалку 338 на едниот број и 867 дена на другиот број.

Мендух Тачи бил следен најмалку 1.257 ден на двата телефона. Љубе Бошкоски бил следен најмалку 320 на едниот и 92 дена на другиот телефон. Муса Џафери најмалку 1.658 дена, Хари Костов најмалку 732 дена.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s