Ангела Меркел одбила средба со Груевски заради скандалот со прислушување во Македонија

Новинарката и уредничка на Дојче Веле на македонски јазик, Катерина Блажевска, во колумна и откри на македонската јавност една многу интересна работа. Германската влада во официјално соопштение ја закопала ДПМНЕ три метра под земја!!!

Еве што пишува Блажевска:

Додека едниот братучед шеташе низ Баварија со цел да остави впечаток дека и натаму е „радо виден гостин“ во најуспешните европските држави, тамошни медиуми го објавија одговорот на германската влада на прашањето за состојбата со човековите права во Македонија, поставено од пратениците Луизе Амтсберг, Фолкер Бек, Мануел Сарацин, други пратеници и пратеничката група на Зелените во Бундестагот:

„Една од причините за кризата е заострената конфронтација меѓу владејачките и опозициските партии, натамошно засилена со еклатантното погрешно однесување на Владата и тајната служба, кое опозицијата го обелодени со објавување снимки од телефонски разговори. Притоа, од снимките се создава впечаток дека највисоките владини кругови во најмала рака имале сознанија за активностите на тајните служби“, се вели во одговорот.

Во него се потенцира и дека „клучни за идниот развој на Македонија се непречената работа на СЈО и имплементирање на препораките од Извештајот на Прибе“. Прва на листата во тој извештај – е неопходноста од темелни реформи во УБК.

Деновиве Никола Груевски е во посета на областа Баварија во Германија. Груевски побарал средба со Ангела Меркел, но добил одговор од нејзиниот кабинет дека Меркел не е во можност да се сретнe со Груевски заради скандалот со прислушувањето и последните настани според кои СЈО јасно и со докази откри дека зад прислушувањето стои УБК и екс директорот Сашо Мијалков кој е прв братучед на Никола Груевски.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s