Гевгеличани 10 години пијат вода загадена со арсен кој предизвикува леукемија и рак на белите дробови

Вода загадена со арсен, кој е опасен по живот, со години им го зема здравјето на гевгеличани, а проблемот сè уште не е решен иако од општината ветуваат дека работат на проблемот.

Станува збор за проблем што е детектиран уште во 2006 година, а според последните наоди, кои се потврдени и со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, водата е забранета и небезбедна за употреба.

Во моментов во Јавното обвинителство во Велес има две кривични пријави против градското комунално претпријатие, кое е должно на граѓаните да им обезбеди здрава и безбедна вода за пиење.

gov1.jpg

Целата иницијатива за решавање на проблемот со арсенот ја започнал Панде Кацарски, поранешен претседавач на Советот на Гевгелија. Кацарски има поднесено претставки до Јавното обвинителство, до Агенцијата за храна и ветеринарство, до Државниот комунален инспекторат, до Советот на општината, до Министерството за здравство и до градоначалникот на општината.

Нема каде не сум се обратил. Целта ми е единствено да го спасам здравјето на гевгеличани. Податоците се застрашувачки, секоја година варираат, но присуството на арсен во водата за пиење е постојано и се искачува дури и над 100 отсто од максимално дозволените 10 мерни единици. Реагирав до сите надлежни институции, но досега никој ништо не презел“, вели Кацарски.

Инаку, во сите досегашни наоди за квалитетот на водата од бунарското подрачје Моин е наведено дека водата е небезбедна и забранета за пиење. Последното тестирање е извршено во лабораториите на Институтот за јавно здравје, а во извештајот стои дека резултатите покажуваат зголемено присуство на арсен, поради што водата се забранува за употреба.

gev2.jpg

gev3.jpg

gev4.jpg

Според Светската здравствена организација, арсенот е еден од најсилните отрови, кој во многу мали дози убива бавно, но ефикасно. Предизвикува многу негативни последици, а според некои научници, се сврзува директно за човековата ДНК. Предизвикува кршење на хромозомите и нивно скратување, што води до генетски нарушувања на коскената срж, односно предизвикува леукемија.

Освен ова, предизвикува и рак на дигестивниот систем, односно на дванаесетпрстното црево, а често предизвикува и срцеви болести и дијабетес.

Според американската Агенција за заштита на околината, пак, арсенот предизвикува и рак на белите дробови, кожата, бубрезите, бабулето, црниот дроб и простатата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s