Заради незаконското прислушување, Сашо Мијалков може да добие казна затвор од 25 години

Во предметот  „Таргет“ кој го отвори Специјалното Јавно Обвинителство,  осомничени се десет лица, поранешни и актуелни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, рече Фатиме Фетаи, обвинителка во СЈО. Прво осомничениот кој бил на раководна позиција(Сашо Мијалков) во Управата за безбедност и контраразунавање давал наредби за следење на политичари , бизнисмени и новинари.
Второосомничениот(Горан Грујовски), во координација со првоосомничениот, но и самостојно го организирал процесот на прислушување.
„Тој бил запознаен со сите имиња и лозинки за следење и освен што давал наредби и самиот внесувал телефонски броеви за кои немало судски наредби. Постои основано сомнение дека третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, постапувајќи спротивно на законите и без судски наредби за одредени телефонски  броеви, проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени“ – изјави обвинителката Фатиме Фетаи која додаде дека разговорите биле и транскриптирани.
Според доказниот метеријал кој го поседува СЈО, нема жолти комбиња, ниту странски служби. Утврдено е само дека се вршело неовластено следење на комуникациите од страна на УБК, односно без судски наредби. Она што како бројка го спомна Фатиме Фетаи е најмалку колкав број телефонски броеви биле следени.
-Осомничените лица на штета на држвата преку злоупотрба на системите за следење ги загрозиле оснонвните човекови права. Преку системите за следење незаконски била снимена комнукацијата на најмалку 4.276 броеви без судски наредби за следење. 1.541 броеви биле следени откако завршила судската наредба или пред да почне. Значи, најмалку 5.827 броеви биле незаконски прислушувани. Незаконски се следени и сите други лица кои разговарале со овие лица, со што се стигнува до бројка од 20.017 прислушувани броеви. Предмет на истражување беше работењето на системите од 2008-2015 година. Биле упоребени три различни системи, а доказниот материјал упатува дека тројца вработени спротивно на законот давале налози за внесеување и сами внесувале брови за прислушување за кои немало судска наредба, објасни Фетаи.

Обвинителката Ленче Ристовска соопшти дека се уште чекаат одговор од уште еден телефонски оператор за да дадат конечна информација во врска со ова прашање.

Таа истакна дека Гордан Јанкулоска била прислушувана незаконски најмалку 732 дена, Миле Јанакисеки на едниот телефон 732 дена, на вториот 553 дена и на третиот најмалку 816 дена.

Али Ахмети бил прислушуван најмалку 338 на едниот број и 867 дена на другиот број.

Мендух Тачи бил следен најмалку 1.257 ден на двата телефона. Љубе Бошкоски бил следен најмалку 320 на едниот и 92 дена на другиот телефон. Муса Џафери најмалку 1.658 дена, Хари Костов најмалку 732 дена.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s