Фатени лица од ВМРО–ДПМНЕ како нудат мито, снимени се со телефон и поднесени се кривични пријави

Денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски , по редовната работна посета на полициските станици во Прилеп и Битола, изјави дека две лица пријавиле лице кое нудело поткуп за да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ.

Спасовски исто наведе и дека полицајци не смеат на било каков начин да учествувааат во било каква изборна кампања за било која полититичка партија и дека тоа ќе биде најстрого казнето.

“Најстрого ќе биде казнет секој полицаец кој што ќе учествува во изборната кампања на било која од политичките партии. Има такви случаи во Струга и уште неколку места и преземени се одлучни мерки. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните”, изјави Спасовски.

“Карактеристичен настан има во Прилеп, каде што од страна на двајца граѓани на Прилеп е пријавено нудење на поткуп во име на ВМРО-ДПМНЕ за глас на изборите. Поднесена е кривична пријава, известен е јавниот обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ваквите работи се недозволиви и доколку се случуваат ќе има енергична реакција на МВР. Апелирам до граѓаните доколку забележат ваков или било каков случај на злоупотреба од било кој политички субјект веднаш да го пријават во полициската станица. Доколку почувствуваат притисок од било кој државен орган или било кој раководител веднаш да го известат МВР за да можат да се преземат соодветни мерки”, рече министерот Спасовски.

Истовремено лицето кое било пријавено дека нудело поткуп од 60 евра по глас, било телефонски снимено и снимката била предадена како дел од доказниот материјал.

Кривичната пријава е поднесена после аудио снимките на кои се слуша како лида оц ВМРО ДПМНЕ нудат поткуп за гласање на изборите. Еве ја снимката

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s