Коце и ДПМНЕ преку ноќ потрошија 86.000€ за 50 барокни канделабри на кејот на Вардар

Коце Трајановски потрошил 86.000 евра т.е. 5.289.000 денари за 50 поставени канделабри покрај кејот на Вардар во Скопје.

Новите златно-зелени канделабри вчера светеа и во ден. Поставени се на патеката за џогинг покрај реката, на потегот од Градски парк кон Плоштадот Македонија.

Патеката со години е во мрак, велосипедистите, ролерџиите и рекреативците во неколку наврати официјално се обраќаа до Град Скопје со барање да ја осветлат патеката за да можат и навечер да ја користат, но не очекуваа дека Градот ќе одгвори на нивното барање со барокни канделабри.

На прашањето кој одлучил велосипедската патека да се осветли токму со барокни украсни канделабри од Град Скопје одговараат:

„Во рамки на програмата за уредување на јавно осветлување на Кејот на потегот меѓу мостот на царинската управа и градската плажа Парк, поставени се 50 канделабри со по три светилки. Според стандардите за уредување на јавно осветлување, на сообраќајните површини се поставуваат обични, метални светлосни столбови, додека на јавните површини се поставуваат украсно декоративни канделабри“.

За 51 украсна канделабра Град Скопје потрошил 5.289.000 денари (или околу 86.000 евра), односно една канделабра чини нешто повеќе од 100.000 денари (околу 1.720 евра).

mkd-240322.jpg

mkd-240330kandelabri-kej-893232978-696x455.jpg

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s