Пензионерите низ Македонија масовно бараат раскинување на коалицијата со ДПМНЕ

Се обраќаме до медиумите бидејќи сакаме да го искажеме нашиот револт од неодамнешната одлука на претседателот на Сојузот на пензионерите, Драги Аргировски откако потпиша Меморандум за соработка за претстојните парламентарни избори со лидерот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.

Ние се чуствуваме повредени и револтирани бидејќи Аргировски се стави на страната на политичка партија што е спротивно на интересите на пензионерите. Како Сојуз може да потпишуваме Меморандуми со Влада или министерства, но не и со политички субјект и тоа во предизборен период. Со тоа е прекршено уставното право на секој пензионер за самоопределување.

Јасно кажуваме и соопштуваме дека се оградуваме од неговата лична одлука за потпишување на меморандум со политичка партија. Воедно порачуваме дека очекуваме Драги Аргировски да си поднесе оставка од функцијата претседателот на Сојузот на пензионерите. Драги Аргировски со тој чин го изгуби легитимитетот да ги застапува сите пензионери подеднакво.

Во прилог на соопштението доставуваме список на членовите кои го доставуваат.

-Претседателот на Сојузот на пензионери, Драгослав Аргировски се обиде да тргува со гласовите на пензионерите и да го втурне СЗПМ во функција на изборна кампања, потпишувајќи „Меморандум за соработка“ со ВМРО – ДПМНЕ – обвини Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

Партијата посочува дека Аргировски во својство на претседател на СЗПМ, со овој чекор грубо ги прекршил одредбите од Законот за здруженија и фондации кои се однесуваат на непартиско дејствување.

-Аргировски ја премина црвенета линија и конечно го разобличи своето делување, со што испровоцира револт и огорченост кај огромен број пензионери,особено што тој никогаш го немал монополот да се претставува како предводник на пензионерите во Република Македонија- стои во соопштението на ПОПГМ.memorandumi-vmro-696x385.jpg

About these ads

Occasionally, some of your visitors may see an advertisement here
You can hide these ads completely by upgrading to one of our paid plans.

UPGRADE NOW DISMISS MESSAGE

Post navigation

Leave a Reply

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s