Ѕинго два дена пред избори ќарил државен тендер од 30 милиони евра

Фирмата „Силекс неметали“ од Кратово го доби тендерот вреден 30.570.000 евра од Министерството за земјоделство за изградба на браната “Речани” на Оризарска река во кочанскиот крај.

Договорот е објавен денеска на интернет страната на Јавни набавки, а е склучен во екот на изборната кампања на 9 декември. На тендерот се јавиле три фирми, а избрана е токму „Силекс неметали“

ljubisav-ivanov-dzingo-31.

Оваа компанија е фирма ќерка на „Рик Силекс“, каде мнозински сопственик е политичарот и бизнисменот Љубисав Иванов – Ѕинго. Тој е долгогодишен претседател на Социјалистичката партија, а министерот за земјоделство Михаил Цветков доаѓа од истата партија.

Синот на Љубисав Иванов-Ѕинго, Горан Иванов, е директор на провладината телевизија Сител, а неговиот глас можеше да се слушне во разговори со високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Иванов во еден разговор со екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески,  лобира за повисока зграда за социјалистичка партија во Тафталиџе иако граѓаните не се согласувале, како и за одреден тендер во Кратово.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, на почетокот на годинава обелодени дека во 2014 година, Никола Груевски на фирма сопственост на неговиот коалиционен партнер  Љубисав Иванов Ѕинго, преку тендер од Министерството за земјоделство, му дал речиси половина милион евра за чистење на канали за одводнување и наводнување.

– Овие официјални податоци на Бирото за јавни набавки го потврдуваат токму тоа: фирмата „Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД Кратово“, е една од фирмите што склучила договор со МЗШВ за чистење на каналите за одводнување и наводнување за околу 28 милиони денари или близу половина милион евра. Ова пак се официјални податоци од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој коишто потврдуваат дека на „Силекс неметали“ и биле исплатени околу 23 милиони денари, за чистење на каналите за одводнување и наводнување, за 2014 год. Апсурдно, според официјални податоци на истата агенција, следната 2015 година, за штети од поплави поради неисчистени канали се исплатени над 5 милиони евра“ – рече Николовски.

Во тој период кога фирмата „Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД“ го добила тендерот, министер за земјоделство е Михаил Цветков.

Николовски тогаш побара оставка од Цветков, а ги повика и Антикорупциската комисија, обвинителствата и надлежните институции да покренат постапки, истраги и одговорност.

Но, ниту една институција не отвори случај за евентуална корупција или судир на интереси при доделувањето на милионските тендери на фирмите на Иванов – Ѕинго.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s