Градоначалникот на ДПМНЕ во Пробиштип, Тони Тоневски во обид да силува вработена во општината

Штипската полиција потврдува дека е поднесена пријава против градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, но не соопштува детали за случајот. За настанот веднаш било известено Основното јавно обвинителство во Штип и во тек е предистражна постапка.

Од Секторот за внатрешни работи во Штип потврдуваат дека на 13 овој месец, во Полициската станица со одредени надлежности во Пробиштип, извесна А.П. пријавила настан за кој веднаш било известено Основното јавно обвинителство во Штип. „СВР-Штип презема мерки и активности за настанот кој е пријавен и постапува според насоките на Јавното обвинителство, а с` со цел целосно расчистување и документирање на случајот и негово правно документирање“, велат од штипската полиција.

Оттаму не кажуваат кој и зошто го пријавил градоначалникот Тони Тоневски, ниту, пак, под кои околности се случил настанот за којшто веќе е поведена предистражна постапка, но ветуваат дека доколку случајот добие нови моменти, јавноста ќе биде информирана. Во текот на вчерашниот ден, во повеќе наврати се обидовме да стапиме во контакт и со основниот јавен обвинител во Штип, со цел да дознаеме нешто повеќе за настанот, но безуспешно.

Случајот на градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, стана актуелен во деновите од викендот кога беше соопштено дека вработена во Општина го пријавила Тоневски дека се обидел да ја силува. Според првичните информации, настанот бил пријавен уште во четвртокот, а еден ден подоцна таа пријавила и во тамошната полиција.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s