Груевски во 2015г. дал 5.500.000€ народни пари на невладините организации блиски до ДПМНЕ

Извештаите на Министерството за финансии покажуваат дека Владата предводена од Никола Груевски во 2015 година донирала 5.5 милиони евра. Намерно или не, Груевски во едно интервју спинуваше велејќи дека Соросовата фондација е монопол бидејќи дава најмногу средства за невладините организации.

– Граѓанскиот сектор не смее да остане во рацете на Сорос и на странски влади. Потфрливме во одвојувањето на посериозни средства за граѓанскиот сектор а тоа е најважна мерка во планот за десороизација на општеството и мора да се најдат средства за да се помогне да се развие независен граѓански сектор во Македонија, рече Груевски во интервјуто.

Скандалозно е тоа што Груевски само во 2015 година дал 5,5 милиони евра, народни пари на невладини организации кои се блиски до неговата матична партија ВМРО ДПМНЕ. Ова е финансискиот извештај на Министерството за финансии во кој се гледа дека на нетранспарентен начин Владата ги трошела парите на граѓаните за невладините организации блиски до ДПМНЕ.

http://www.finance.gov.mk/files/Rebalans%20za%20objavuvanje.pdf

Груевски освен на невладините, милионски суми во изминатите години префрлаше и на за него подобни медиуми. Како и во случајот со А1 телевизија, Груевски не сака конкуренција во контролираниот медиумски и невладин сектор и затоа тргна во кампања за нивно оцрнување.

Во нападите, Груевски заборави да каже дека над 45 милиони долари, пари на Сорос завршиле и во неговата Влада, односно во министерствата, од кои 32 милиони долари во образование, а 13.5 милиони долари во јавното здравство.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s