Афера „Тендер“-преку наместени тендери фирма на Латас искеширала 2.900.000€ од Скопските општини

Фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со седиште на ул. Првомајска ББ Општина Кисела Вода е формирана со почетен капитал од 364.000, а како сопственик се појавува Валентина Павловиќ – сопругата на братот на новинарот и уредник на Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас.

Но, фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ експорт – импорт Скопје, за кратко време успева да добие неколку тендери од скопските општини. Од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери со вкупна вредност од околу 2 милиона и 900 илјади евра.

Да почнеме по ред. Ако се погледне периодот пред и по предвремените парламентарни избори во 2011, токму оваа фирма на два месеца пред изборите т.е. на 18.04.2011 година од Град Скопје добила тендер за изработка на проект за командување и управување на јавно осветлување со вредност од 52 илјади евра.

Тендер - Град Скопје

Ваквата пракса продолжува и по предвремените парламентарни избори, на 12.09.2011 година, каде што оваа фирма, добила од Град Скопје тендер за улично осветлување на дел од пат, тежок околу 80 илјади евра.

Тендер - Град Скопје - улично осветлување

На половина месец по предвремените парламентарни избори, на 22.06.2011 година, Павловиќ добиле тендер од општина Гази Баба за одржување улично јавно осветлување со вредност од 33 илјади евра.

Тендер - Гази Баба

Фирмата на Павловиќ, заедно со уште 4 фирми, од поранешниот градоначалник на Центар,-Владимир Тодоровиќ, на само два месеца по предвремените парламентарни избори, т.е на 5.08.2011 година добиле тендер тежок 1 МИЛИОН ЕВРА!

Тендер - Општина Центар - Владимир Тодоровиќ

Два месеца пред локалните избори, т.е на 31.01.2013 ЕЛТРА ДООЕЛ добила тендер за електрични инсталации за осветлување со вредност од 40 илјади евра.
Половина година по локалните избори, оваа фирма ЕЛТРА ДООЕЛ добила два тендера од Град Скопје, на 11.09.2013 набавка на штедливи светилки, од околу 12 илјади евра и на 24.10.2013 за електрични инсталации за осветлување, бизнис од околу 102 илјади евра!

(3)Тендер - Град Скопје

Од општина Гази Баба, два месеца пред локалните избори, т.е на 10.01.2013 оваа фирма, за изградба на улично јавно осветлување добила тендер од околу 33 илјади евра.

(2) Тендер - Гази Баба

Од општина Карпош, две недели пред локалните избори, или на 11.03.2013 година, Стевчо Јакимовски и дал на ЕЛТРА ДООЕЛ за одржување на јавно осветлување со вредност од околу 50 илјади евра!

Тендер - Општина Карпош - Стевчо Јакимовски

Oд општина Аеродром, на 20 дена по вториот круг од локалните избори, т.е на 24.04.2013 година, за нови линии за јавно осветлување Конески им дава на Павловиќ бизнис тежок над половина милион евра. 609 736 ЕВРА!

Тендер - Општина Аеродром - Ивица Коневски

Фирмата на Латас на 31.01.2013, на само 2 месеци пред оддржувањето на локалните избори, добива тендер од Град Скопје во вредност од 2 478 000 денари!

(4) Тендер - Град Скопје

По завршувањето на локалните избори, на 24.10.2013 година, Градот Скопје и овозможува нов тендер на Елтра ДООЕЛ кој таа го добива и е тежок 6 271 700 денари!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s